Стевче Стефановски ― македонски поранешен ракометен голман, ракометен тренер, и тековен раководител на РК Еурофарм Пелистер. Роден е на 30 јуни 1959 годинаhttp://www.eurohandball.com/ec/cl/men/1998-99/player/501612/StevceStefanovski во Битола. Најголемиот дел од својата играчка кариера го поминал во РК Пелистер од Битола, со кој играл во полуфиналето на КПК и финалето на Челинџ Купот. Настапувал и за македонската ракометна репрезентација на европското првенство во Италија во 1998 и како селектор на светското првенство во Египет во 1999 година. По неколку тренерски обиди во повеќе клубови, моментално е менаџер на РК Еурофарм Пелистер.

Наводи

Категорија:Родени во 1959 година Категорија:Ракометари од Битола Категорија:Ракометни тренери од Битола