Тијаго Жозе Пинто Машадо (; р. во Вила Нова де Фамаликан) — португалски професионален велосипедист, кој вози за континенталната екипа .

Кариера 2014

По четири поминати сезони со , Тијаго се преселил во пред почетокот на сезоната 2014. По успешниот почеток на сезоната, со победата на генералниот пласман на Трката околу Словенија, Машадо настапил по првпат во неговата кариера на Тур де Франс. Машадо имал солиден почеток на Тур и успеал да биде на третото место по девет изминати етапи. На десеттата етапа, Тијаго имал лош пад при спуст на 96 километри пред целта, паѓајќи од патот околу 100 метри. Откако бил прегледан од докторите и кога се очекувало да ја напушти трката, ѝ наредил на екипата да му го дадат неговиот велосипед, искачувајќи три планини и пристигнувајќи на целта последен, 43 минути зад етапниот победник, Винченцо Нибали. Бил превиен и зашиен по етапата. И покрај пристигнувањето надвор од временската граница, комесарите на трката му дозволиле да ја продолжи трката поради извонредниот напор направен од португалскиот велосипедист. Францускиот весник L'Equipe го опишал напорот на Машадо како „херојски“.

Тим Катјуша (2015-2018)

Машадо ја напуштил Тим НетАп-Ендура по сезоната 2014 и ќе продолжи со Катјуша со која потпишал двегодишен договор. Потпишал продолжување на договорот за сезоната 2017 во октомври 2016.

Достигнувања

2008 1. 20п Пласман за млад возач Волта а Португал 1. ГП Торес Ведрас 2. Португалско национално хронометарско првенство 2. Португалско национално друмско првенство 2009 1. Португалски национален хронометарски првак 2. Вуелта а Астурија 4. Волта ао Алгарве 5. Краен пласман Волта а Португал 1. 20п Пласман за млад возач 2010 2. Краен пласман Сиркут де ла Сарт 1. Етапа 2b (ITT) 3. Краен пласман Волта ао Алгарве 1. 20п Пласман за млад возач 1. Пласман на португалски возач 3. Краен пласман Критериум Интернационал 1. 20п Пласман за млад возач 4. Краен пласман Трка околу Австрија 6. Краен пласман Тур де Романди 7. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон 10. Краен пласман Трка околу Полска 2011 2. Краен пласман Џиро дел Трентино 5. Краен пласман Критериум Интернационал 6. Краен пласман Волта ао Алгарве 1. Пласман на португалски возач 7. Краен пласман, Тирено-Адријатико 2012 3. Краен пласман Тур Даун Андер 5. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон 6. Краен пласман Волта ао Алгарве 8. Краен пласман Трка околу Полска 9. Краен пласман Трка околу Калифорнија 2013 1. 20п Планински пласман Тур де Валони 1. 20п Планински пласман Гран при Квебек 2. Национално друмско првенство 4. Краен пласман Три дена Западна Фландрија 6. Краен пласман Волта ао Алгарве 9. Краен пласман Тур Даун Андер 10. Краен пласман Трка околу Јута 2014 1. 20п Краен пласман Трка околу Словенија 2. Вуелта а Мурсија 3. Краен пласман Критериум Интернационал 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија 6. Краен пласман Џиро дел Трентино 9. Класика де Алмерија 2015 2. Краен пласман Трка околу Баварија 2. Национално хронометарско првенство 3. Национално друмско првенство 3. Краен пласман Волта ао Алгарве 4. Краен пласман Сиркут де ла Сарт 7. Вуелта а Мурсија 2016 8. Краен пласман Сиркут де ла Сарт 20п Награда за борбеност на етапите 5 и 11 на Вуелта а Еспања 2018 4. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—20—36————— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур————7272—74— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта—3240——3685—79

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски велосипедисти