Моди () — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.Kallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Моди била дел од општина Мадитос.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 75 километри источно од Солун и на 13 километри западно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, во подножјето на планина Колјани. Во близина на селото поминува автопатот кој води од Солун кон Кавала.
Историја
Во XIX век Моди било село во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169..
Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 205 ГрциBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 2 семејства и 8 лица бегалци, додека во 1940 година селото броело 259 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 296 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 329 жители, во 1971 година имало 326 жители, во 1981 година имало 406 жители, додека во 1991 година имало 379 жители. Денеска, населението на селото е 249 жители според пописот од 2011 година.
Знаменитости Црква „Св. Троица“ од 1812 г.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик
Категорија:Бешик