Салтакли, Салтикли или Салдакли (, Калокастро; до 1927 г. Σαλτικλή, Салтикли) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.
Географија Селото се наоѓа на 30 км западно од градот Сер, во североисточното подножје на Богданска Планина.
Историја Средновековие Веднаш јужно од Салтакли лежи средновековната тврдина Хисар.
Во Отоманското Царство Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Салдакли било село во Лагадинската Каза со 200 жители Турци.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 281 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 180 лица. Во 1924 г. жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Така, на пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 315 жители.
Меѓу селата Салтакли и Орљак за време на Првата светска војна постоела британска полска воена болница, на чие место подоцна се направени Британските воени гробишта.
Во 1960-тите дошло до значаен пад во бројот на жители поради иселување на населението во поголемите градови.
+ Месности во Салтакли преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Дери Дере Ντερί Ντερέ Ватирема Βαθύρεμαрека на СЗ од Салтакли Салтакли Σαλτικλή Еримо Рема Έρημο Ρέμαрека на Ј од Салтакли Копач Дере Κοπατσινό Скапанис Рема Σκαπάνης Ρέμαрека на Ј од Салтакли Караџали Καρατζαλή Мавро Агати Μαύρο Άγκάθιрека на Богданска Планина на ЈЗ од Салтакли, лева притока на Копач Дере Мезарија Μεζάρια Мнимата Μνήματαвозвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Салтакли (418 m) Башќој Μπασκιόϊ Толос Θόλοςвозвишение на Богданска Планина (420,9 м) и река Махмутљу Μαχμουτλιού Нистрагменон Рема Νυστραγμένον Ρέμα река на Богданска Планина на ЈЗ од Салтакли, лева притока на Копач Дере Коџакуз Κοτζακούζ Рема Мегалу Пулиу Ρέμα Μεγάλου Πουλιούрека на Богданска Планина на ЈЗ од Салтакли, лева притока на Копач Дере Салтакли Σαλτικλνή Рема Епта Пигадион Ρέμα 'Επτά Πηγαδιώνрека на Ј од Салтакли Салтакли Σαλτικλή Ерипија Епта Пигадион Ερείπια Επτά Πηγαδιώνурнатините на старото село Салтакли на ЈЗ од новото
Население
Наводи
Категорија:Долна Џумаја