Станово или Станево () — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина на Солунскиот Округ, Грција. Било населено со погрчени Македонци, во изворите погрешно наведувани како „Грци“.
Географија Селото се наоѓало на западниот брег на Лагадинското Езеро, јужно од Каваларци, во подножјето на истоимениот врв Станово.
Во Станово стојат урнатините на поствизантиската црква „Св. Ѓорѓи“.
Историја Во Отоманското Царство Селото веројатно настанало во средниот век. Се спомнува како Истанова, Ситана, Станево. Во османлиските дефтери од XVII – XVIII век се води како чифлик Лагадинската нахија на Солунската Каза.
Според Васил К’нчов:
Според неговата статистика („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Ситана (Станево) живееле 100 жители „Грци“ христијани (всушност погрчени Македонци).
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Станово (Stanovo) имало 85 „Грци“.
В Гърция По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото е заведено како напуштена населба, веројатно поради војните. На пописот од 1920 г. Станово имало 20 жители, кои во 1928 г. нараснале на 77 лица.
Малку подоцна селото се распаднало поради маларичноста на теренот, а населението се преселило во соседното македонско село Каваларци.
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од XIX век, прогласена за споменик на културата
Наводи
Категорија:Историски села во Лагадина