Никишјан или Никша (, Никисјани) — село во Правишко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Кушница, во Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на североисточните падини на планината Кушница, 12 километри северозападно од малиот град Правишта, на надморска височина од 340 метри.

Северно од селото се наоѓа машкиот манастир „Св. Јован Претеча“, а северозападно женскиот „Св. Димитриј“. Во непосредна близина се наоѓа селото Горјан.

Селото поради своето големо население се смета за гратче.

Историја

Во век, Никишјан било село во Правишката Каза, на Отоманското Царство.

Селото отсекогаш било населено со грчко население и во етнички поглед не претрпело никакви промени. Единствено во 1923 година во него биле населени 132 доселеници.

Стопанство

Населението главно се занимава со земјоделство (тутун), каде годишно се произведувале и над 400.000 килограми. Во негова непосредна близина постојат и рудници за злато, кои не се експлоатираат.

Население

На пописот од 1913 година, селото броело 1.777 жители, а на пописот од 1920 година 1.632 жители.

Никишјан во 1928 година имал 2.331 жител, а во 1940 година бројот на жители се зголемил на 3.257 жители. Во 1941 година, според бугарската статистика имал 3.180 жители. Во 1951 година биле попишани 3.446 жители, а во 1961 година 3.192. Во 1971 година поради помасовното иселување во поголемите градови, бројот на жители се намалил на 2.373, додека во 1981 година повторно се зголемил на 2.460. На пописот од 1991 година селото броело 2.104 жители.

Според пописот во 2001 година, селото имало 2.451 жител. Во најновиот попис во 2011 година спроведен во Грција, селото било забележано со 2.236 жители.

Општествени установи

Пошта Жандермерија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Кушница со седиште во самото село, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, се наоѓа и во општинскиот оддел Никишјан, во кој е единствено село.

Наводи

Категорија:Кушница