Орфан или Орфано (, Орфани) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот Округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија Селото е сместено на јужните падини а планината Кушница, недалеку од брегот на Струмскиот Залив, наречен и Орфански Залив по селото. Крај Орфан минува Орфанска Река која набгру се влева во заливот.
Историја Во антиката и средновековието Веднаш источно од Орфан се наоѓаат урнатините на античкиот град Фагрис. Јужно од селото е средновековната Орфанска тврдина.
Во Османслиското Царство На крајот на XIX век Орфан било мало турско село в Правищката каза. Во 1900 г. според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Орфан живеел 20 Турци, и напишал за селото:
Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1918 г. Антон Страшимиров напишал:
Во 1920-тите турското население е иселено по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени понтиски Грци од Турција. Во 1928 г. е заведено се состоело од староседелци (од малата грчка колонија) и дојденци со вкупно 32 семејства од 119 жители. ВО 1940 г. нивниот број се покачил на 476 жители. Следната 1941 г. бугарската окупациска власт попишала 512 жители.
Во 1962 г. е изградена нова црква „Успение на пресв. Богородица“.
+ Месности во Општина Орфан преименувани со указ на 5 мај 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис ТулумбаПо топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“ Τουλούμπα Гефирија Γεφύρια месност Ј од Орфан Бурнали Μπούρναλι Ипсома Ὕψωμα возвишение (149,7 м), З од Орфан Бајрела Μπαϊρέλα Лофискос Λοφίσκος возвишение (159 м), С од Орфан
Демографија
Стопанство Според податоци на Тодор Симовски од 1990-тите, околината на селото изобилува со маслинови насади од кои добиваат маслинки и масло. Се произведувало многу тутун, нешто пченица, а сточарството било слабо развиено.
Наводи
Категорија:Кушница