Четакли или Чатакли (, Мелисокомио; до 1926 г. Τσιτακλή, Цитакли) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот Округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 214 жители (2021).
Географија и местоположба Селото е сместено во јужното подножје на планината Кушница, крај патот Смрдеш-Бахчеќој (ЕО2), околу 9 км југозападно од гратчето Правишта, на надморска височина од 160 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Четакли било турско село во Правишката Каза на Драмскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Четакли имало 320 жители Турци.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 287 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 220 лица.
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 53 бегалски семејства (вкупно 238 бегалци), така што селото станало бегалска населба. Во 1926 година, името на селото било променето во Мелисокомио (Μελισσοκομείο).
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 485 жители.
Стопанство Населението произведува главно тутун, а на површините на исушено мочуриште се одгледуваат пченка, пченица и други земјоделски производи.
Население
Самоуправа и политика Во 1949 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 7 квадратни километри. Општината Четакли била приклучена во општината Пиери во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кушница.
Селото припаѓа на општинската единица Пиери со седиште во селото Моштијан, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Четакли, во кој влегува и селото Кулали.
Личности Родени во Четакли
Ахилеас Караѓозопулос (1955 – 2011) — грчки политичар од редовите на Нова демократија
Наводи
Категорија:Кушница