Ернесто Гевара (шпански: Ernesto Guevara; — ) или скратено Че (шпански: Che) — марксистички револуционер и еден од водачите на Кубанската револуција.
Гевара претставувал една од клучните личности во револуцијата на Фидел Кастро во Куба (1956-1959) како член на движењето „26 јули“. По победата во револуцијата, неколку години бил активен во промоцијата на револуционерните општества патувајќи по светот како Кубански дипломат, а потоа лично се ангажирал при ослободувањето од диктаторските режими, најпрво во Конго, а потоа и во Боливија. Во Боливија, при соработка на Централната разузнавачка агенција и боливиската војска, бил фатен и утредента убиен. Неговиот лик, како борец за ослободување на жртвите од империјализмот, и денес, неколку децении по неговата смрт, е претставуван како еден од главните симболи и икони на друштвените и политички револуции ширум светот. Како строг војсководец и потполно посветен на својата револуционерна цел со морален авторитет над своите трупи,-{Ignacio}- 2007, стр. 177. ↓ тој останал контроверзна личност од голема историска значајност.
Магазинот „Time“ го прогласил Че Гевара за една од 20. најголеми светски икони и херои во нивната список на 100 највлијателни луѓе во светот во XX век. Прочуената фотографија Гевара (десно), која ја направил Алберто Дијаз, била прогласена за најпозната фотографија во светот и симбол на дваесеттиот век од страна на академијата за уметности во Мериленд.Академија за уметност во Мериленд, пренесува „BBC“: „Che Guevara photographer dies“}-. Прегледано на 18 мај 2011.
Рани години
Ернесто Гевара де ла Серна е роден во Росарио, Аргентина, во добро ситуирано семејство од шпанско-ирско потекло.-{kirjasto.sci.fi}-: Че Гевара — кратка биографија . Проверено на 18 мај 2011.Лалич - 2006, стр. 26 Неговиот татко, Ернесто Рафаел Гевара Линч, потекнувал од шпанско-ирско семејство (мајка му била од Ирска), а по струка бил архитект и ѝ припаѓал на аргентинската олигархија. Неговата мајка, Селија де ла Серна, имала шпанско потекло. Ернесто бил најстариот од петте деца. Две години по неговото раѓање, лекарите откриле дека тој боледува од астма; лекувањето не помогнало, па поради тоа родителите одлучиле од Буенос Аирес да се преселат во Кордоба, Алта Грасија. Иако страдал од нападите на астма кои подоцна во голема мера ќе му влијаат, Ернесто се истакнувал како спортист, често пливајќи, играјќи фудбал, голф и рагби.Сендисон - 1998, стр август Неговиот пријател Алберто Гранадо подоцна раскажувал како Ернесто имал чудна навика да ги шокира луѓето: „... имaше неколку прекари. Го викаа „El Loco“ (мак: лудиот)“... На пример, се фалеше со тоа што ретко се бања. Го викаа и „Chancho“ (македонски: свиња). Знаеше да каже: - помнаа шест месеци откога ја немам испрано оваа рагби маица...“Андерсон - 1997, стр. 36. Во Кордоба завршил гимназија, а кога наполнил 19 години, неговото семејство повторно се вратило во Буенос Аирес за Ернесто да се запише на медицински факултет во 1948 година.
Во времето кога се регрутирале војници, тој се пријавил, а во изјавата на воената комисија пишувало дека тој е млад човек со „деликатно здравје, со хронична астма и е неспособен за воена служба“.Лалич - 2006, стр. 27.-{HyperHistory.net: Guevara, Che Ernesto}- : „-{...[Guevara] applied for the Argentine army before applying for university, but was rejected because of his asthma.}-“. Проверено на 18 мај 2011
Мотоциклистички дневници мини|230п|десно|Примерок на моторот од „Norton 500“ од 1961. Со овој модел Гевара тргнал на својата прва турнеја низ Јужна Америка На 23 октомври 1951, сè уште со незавршен факултет, Ернесто од Буенос Ариес отпатувал во Кордоба од каде што со својот стар пријател Алберто Гранадо тргнал на патување кон север. На патувањето тргнале со својот стар мотор „Нортон 500“ на кој му го дале прекарот „Ла Подероса“ (на шпански: „Моќна“).
Патувале преку Аргентила до Чиле, а оттаму по тихоокеанскиот брег каде што „Ла Подроса“ се расипал и престанал да работи. Оставајќи го моторот во Чиле, продолжиле да патуваат на север користејќи автобус или автостоп. Кога го преминале Чиле и стигнале во Перу започнале да работат во рудник како садоперачи, истоварачи на роба која доаѓала во бродовите и други физички работи. На 1 мај стигнале во Лима каде што се запознале со докторот Уга Песке, перуански научник, директор на националниот програм за лепра и поддржувач на марксизмот. Разговорите со Песке, како што Гевара подоцна кажувал, биле од големо значење при промената на неговиот став за животот и пријателите. Од Перу преминале во Колумбија, а потоа воКаракас, Венецуела. Тука Гранадо, кој имал искуство со тропски болести, останал да работи, а Ернесто продолжил да патува на север. Еден од неговите познаници, со авион, го префрлил во Мајами, САД, каде што престојувал околу еден месец работејќи како келнер и мијач на садови во бар. По еден месец, со авион, се вратил во Буенос Аирес.
За сево ова време, Ернесто пишувал свој дневник за патувањето т.н „Мотоциклистички дневници“ (шпански: „Diarios de motocicleta“) кој, неколку години подоцна, бил добро продаван ширум светот,Бестселери „New York Times“, 18 мај 2011. а во 2004 година се појавил и на филмското платно под името „Мотоциклистички дневници“. Подоцна Гевара изјавил дека за време на патувањето низ Латинска Америка доживеал „близок контакт со сиромаштијата, гладот и болестите“ заедно со „невозможно лечење на деца поради недостаток на пари“ и „умирања од постојана глад и поради казнувања“ што води до тоа да таткото „ја прифати смртта на својот син како небитна незгода“. Гевара, исто така, подоцна наводно изјавил дека токму ова искуство го навело да заклучи дека ако сака да му помогне на овој народ мора да ја напушти медицината и да размислува за политичка вооружена борба.„On Revolutionary Medicine“; Говорот на Гевара кон кубанската војска на 19 август 1960.
Гватемала На 31 август, Гевара се вратил во Буенос Аирес, а студиите ги завршил на 11 април 1953. Од 30 предмети кои тој ги полагал, на 18 добил оценка „доволен“, 8 „добар“ и на само 4 добил оценка „одличен“.Лалич - 2006, стр. 29. Завршувајќи го факултетот, Ернесто ги обавестил своите родители дека повторно ќе тргне на пат – на „северна турнеја“ која ги опфаќала скоро сите земји од брегот на Тихиот Океан во Латинска Америка, северно од Аргентина: Боливија, Перу, Еквадор, Колумбија и Средна Америка. На ова патување тргнал на 7 јули 1953, со својот другар Карлос Галико Фереро. Наскоро по пристигнувањето во Ла Паз, Боливија, се запознава Алберт Рохо, по професија адвокат, а во поглед на политичките ставови левичар кој побегнал од Аргентина поради политичко прогонство. Таму Рохо бил уапсен под оптужба за тероризам, но успеал да побегне од затворот, да стигне до амбасадата на Гватемала, да побегне во Чиле, а потоа во Ла Паз (каде што го запознал Гевара). Од таму планирал да оди во Гватемала каде што на власт бил Хакобо Арбенс, тогашниот единствен демократско избран претседател во Средна Америка. Во литературата се споменува дека можеби Рохо бил тој, кој во овој период ги поттикнал револуционерните нагони на Гевара и дека тој го натерал да отпатуваат на следното одредиште, односно Гватемала, каде што, според зборовите на Рохо, се случувале „нови и интересни работи“. Иако најпрвин Гевара планирал од Ла Паз да оди во Каракас, Венецуела, се предомислил и заедно со Рохо отпатувал преку Панама во Гватемала. Неговиот другар Галико одлучил да остане во Лима, главниот град на Перу.
Ернесто пристигнал во Гватемала на 7 јули 1953, каде што Хакобо Арбенс ја основал демократско избраната влада чија цел била спроведување на широки социјална и аграрни реформи кои, помеѓу другото, го опфаќале укинувањето на латифундискиот систем. Аграрната реформа во Гватемала најмногу ја погодувала американската корпорација „United Fruit Company“ бидејќи во тоа време во Гватемала немало други латифундии освен оваа компанија.Лалч - 2006, стр. 49-50. Кога на 15 март 1954, од чехословачката фабрика Шкода во Гватемала пристигнала пратка со оружје,Државно одделение на САД, архива. ↓ САД ја програлисе аграрната реформа како конечен доказ за гватемалската поврзаност со СССР, а потоа покренале постапка за симнување на Арбенсо од власт. Вашингтон најавил прекин на дипломатските односи со Гватемала, а веднаш потоа и останатите соединети држави го направиле истото. По ова следело низа на воени интервенции, најпрво од соседна Никарагва и Хондурас, а потоа само од Хондурас. На чело на внатрешните бунтовници бил поставен гватемалскиот офицер Кастиљо Армас. Ернесто се пријавил во воените одреди кои ги организирал комунистичкиот подмладок кој го поддржувал Арбенс. Сепак, поради слабите воени активности и уште послабите успеси, Ернесто се вратил на својата лекарска позиција.
Во декември 1953, Ернесто, во Гватемала, ја запознал Хилда Гадеја, економистка од Перу која имала политички контакт како членка на левоориентираната Американска народнореволуционерна алијанса. Таа го запознала со неколку високи чиновници на арбенсовата влада, како и со неколку Кубанци кои биле поврзани со Фидел Кастро и неговото револуционерно движење „26 јули“. Името на ова движење потекнува од датумот кога Кастро во 1953 година извршил напад врз воената касарна „Монкада“ со цел да го собори диктаторскиот режим на Фулгенсио Батиста во Куба. Меѓу Кубанците кои се запознале со Ернесто бил и Нико Лопес, еден од генералите на Кастро.
По падот на Арбенсо, Гевара повторно се пријавил за борба на страната на Арбенсо, но и овој пат целата акција била неуспешна и Арбенсо побегнал барајќи заштита во амбасадата на Мексико. Новиот режим набрзо ги протерал сите левоориентирани интелектуалци. Познаничката на Ернесто, Хилда, била прва затворена, а кога ја пуштиле морала веднаш да ја напишти земјата. Ернесто се спасил во амбасадата на Аргентина каде што останал сè додека не добил пасош кој му овозможил на безбеден начин да стигне во Мексико. При ова патување Гевара и пишал писмо на својата тетка Беатрис: „Пред сликата на нашиот сакан другар Сталин се заколнал дека нема да престанам да дишам сè додека таа капиталистичка машинерија не биде уништена“.Таибо - 1999, стр. 31. ↓
Куба мини|230п|лево|Мапа на која се прикажани патувањата на Че од 1953-1956 Во почетокот на 1955 работел како доктор во болница во Мексико. Тука во јуни, истата година, го запознал Раул Кастро кој подоцна го запознал со Фидел Кастро. Во текот на првата ноќ од запознавањето на Кастро, Гевара потврдил дека токму кубанската револуционерна борба е таа која ја барал, а потоа и потпишал документ за членство во движењето „26 јули“.Таибо - 1999, стр. 55. ↓ Во овој период Гевара го добил својот познат прекар „Че“.
На 24 јуни 1956, Ернесто бил уапсен од страна на мексиканската полиција, заедно со неговите Кубански пријатели (меѓу кои бил и Фидел Кастро), а на 3 јули, новинарската агенција „UPI“ објавила: „Аргентинскиот доктор Гевара ќе биде депортиран во својата родна земја поради претпоставки дека учествувал во неуспешна завера против кубанската влада на Фулгенсио Батиста“. Поранешниот Мексикански претседател, Лазаро Карденас, се вмешал во работата на полицијата и успеал да издејствува во одбрана на кубанските револуционери, па до крајот на јули, Че Гевара и браќата Кастро биле пуштени на слобода. На 18 август 1955, Хилда и Че Гевара се венчале, а накратко потоа, на 15 февруари 1956, тие добиле ќерка која ја крстиле Хилдита Беатрис Гевара Гадеја. Овој брак траел 5 години, односно до крајот на кубанската револуција.