Пума (латински: Puma concolor), исто така позната како кагуар или планински лав, во зависност од регионот — цицач од семејството на мачките кој живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка, распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки.
Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна му се копитарите како елен, лос, муфлон, како и домашно говедо, коњи, овци, пред сè во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодачи. Пумата претпочита живеалишта со густи грмушки и камени површини за прикрадување, но може да живее и на отворен простор. Таа е територијално животно и преживува во мала бројност на популацијата. Големината на поединечната територија зависи од теренот, растителноста и изобилството на плен. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волк, американската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето. Нападите врз луѓето се ретки, и покрај скорешната зачестеност.
Поради прекумерното ловење што следувало по европската колонизација на Америка, и продолженото човеково развивање врз живеалиштата на пумите популацијата се намалила во повеќето делови од нејзините историски граници. Пумата, особено била истребена во источна Северна Америка, а останала да постои една изолирана суб-популација во Флорида; животното може да ги реколонизира деловите од својата поранешна источна територија. Со својата голема разновидност, пумата има дузина имиња и различни наводи во митологијата на домородните Американци и во современата култура. Пумата неодамна се врати во државата Вајоминг, каде што моментално ја има најголемата популација во Северна Америка.
Именување и етимологија Пумата има многубројни имиња, од кои најпознати се „кугар“ и „планински лав“. Во другите имиња спаѓаат „планинска мачка“ (catamount), „пантер“, „планински врескач“ и „сликар“ (painter). Лексикографите го препишуваат името „сликар“, како регионална дијалектна варијанта на жителите од височините на јужен САД, на „пантерот“; а народната етимологија ја согледува сличноста меѓу пумата со темен крај на нејзиниот опаш и четката за сликање мацната во темна боја.
Пумата го држи Гинисовиот рекорд за животно со најголем број на имиња, веројатно поради големата распространетост низ Северна и Јужна Америка. Таа има само над 40 имиња на англиски.
„Кугар“ може да бил позајмен од португалскиот çuçuarana, преку францускиот јазик; терминот произлегол првенствено од Тупи јазикот. Сегашна форма во Бразил е suçuarana. Може исто така што бил позајмен од Гварани јазичниот термин guaçu ara или guazu ara. „Пума“ доаѓа, преку шпанскиот, од Кечуанскиот јазик.Cougar, Puma and
Таксономија и еволуција Пумата е најголема од малите мачки. Сместена е во потсемејството Felidae, иако нејзините главни одлики се слични со оние на големите мачки од потсемејството Pantherinae. Семејството Felidae се смета дека води потекло од Азија приближно од пред 11 милиони години. Класификациските истражувања се половични и многу од тоа што е познато за нивната еволуциска историја се заснова на митохондриска ДНК анализа, бидејќи мачките се малку застапени во фосилните записници, и постојат значајни т.н интервали на доверба со индицирани дати. thumb|Иако голема, пумата е во блиско сродство со малите мачки.
Во последните геномски студии за мачките, заедничкиот предок на денешните Leopardus, рисови, пуми, Prionailurus и мачки, се преселил преку Беринговиот копнен мост во Америка пред околу 8 до 8.5 милиони години. Потомците потоа дивергирале по тој редослед. Северно американските мачки тогаш ја окупирале Јужна Америка пред 3 милиони години како дел од Големата Американска Размена, следејќи го создавањето на Панамскиот Провлак. Пумата на почетокот се сметала дека припаѓа на Felis (felis concolor), видот на којшто припаѓа и домашната мачка. Од 1993 е сместена во Пума заедно со јагуарундите, мачки само малку поголеми од десетина од нејзината големина.
Истражувањата покажале дека пумите и јагуарундите се најмногу поврзани со гепардот од Африка и западна Азија, но врската е нерешена. Се претпоставува дека лозата на гепардот дивергирал од лозата на пумите во Америка и се преселила назад во Азија и Африка, додека други истражувања предлагаат дека гепардот дивергирал во Стариот Свет. Претпоставките за преселбата на малите мачки во Америка се впрочем неразјаснети.
Неодамнешни студии покажале дека постои високо ниво на генетска сличност меѓу северно американските популации на пумата, сугерирајќи дека тие сите се нови потомци на мала група на нивни предци. Кулвер смета дека примарната северно американска популација на Puma concolor била истребена за време на Плеистоценските истребувања пред некои 10,000 години, кога други големи цицачи како Сабјозабестиот тигар исто така исчезнале. Северна Америка тогаш била населена од група на јужно американски пуми.
Подвидови До доцните 1990-ти, биле регистрирани 32 подвидови, но неодамнешна генетска студија за митохондриска ДНК покажала дека многу од овие се преслични за да бидат одредени како различни на молекуларно ниво. Следејќи ја студијата, прописниот Видови на цицачи во светот (3то издание) идентификува шест подвидови, пет од кои може да се најдат само во Латинска Америка:
Аргентинска пума Ги вклучува претходните подвидови и синонимите hudsonii и puma (Марчели, 1992); Костариканската пума Источна Северно Американска пума Ги вклучува претходните подвидови и синонимите acrocodia, borbensis, capricornensis, concolor (Пелцелн, 1883), greeni и nigra; Северно американска пума Ги вклучува и претходните подвидови и синонимите arundivaga, aztecus, browni, californica, coryi, floridana, hippolestes, improcera, kaibabensis, mayensis, missoulensis, olympus, oregonensis, schorgeri, stanleyana, vancouverensis и youngi; Северна јужно американска пума Ги вклучува претходните подвидови и синонимите bangsi, incarum, osgoodi, soasoaranna, sussuarana, soderstromii, sucuacuara и wavula; Јужна јужно американска пума Ги вклучува претходните подвидови и синонимите araucanus, concolor (Геј, 1847), patagonica, pearsoni and puma (Труесар, 1904)
Статусот на Флоридскиот пантер, којшто овде припаѓа на северно американската пума, останува несигурен. Сè уште е редовно запишуван како подвидот Puma concolor coryi во истражувачките трудови, влкучувајќи ги и оние директно поврзани со неговата заштита. Кулвер et al. самите забележале ниска микросателитска варијациа на Флоридскиот пантер, можеби поради блискосродственото размножување; одговарајќи на истражувањето, еден тим за заштита смета дека „степенот до кој научната заедница ги прифатила резултатите од Кулвер et al. и предложената промена во таксономијата не е решена моментално.“
Биологија и однесување Физички одлики Пумите се витки и пргави мачки. Возрасните се околу 60 до 76 см високи до рамената. Должината на возрасните мажјаци е околу 2,4 м од носот до опашката, додека генерално на целиот вид должината изнесува од 1,5 до 2,75 м од носот до опашката. Мажјаците тежат 53 до 90 кг, во просек 60 кг. Во ретки случаи, некои можат да достигнат до 120 кг. Женките тежат помеѓу 29 и 64 кг, во просек 42 кг.http://animaldiversity.ummz.umich.edu/site/accounts/information/Puma_concolor.html Големината на пумите е помала на екваторот, а поголема кон половите. thumb|left|Предна шепа на пума.
Главата на мачката е тркалезна и ушите исправени. Нејзините снажни предни нозе, врат и вилица и служат за да зграпчи и задржи голем плен. Таа има пет канџи кои се повлекуваат на нејзините предни шепи (петтиот прст е зачеток) и четири на нејзините задни шепи. Поголемите предни шепи и канџи се адаптирани за зграпчување на пленот.
Пумите можат да бидат големи колку јагуарите, но се помалку мускулести и снажни; таму каде што нивните терени им се поклопуваат, пумите имаат тенденција да бидат помали од обично. Пумата е во просек исто тешка колку и леопардот. И покрај нејзината големина, таа не е типично класифицирана во „големи мачки“ бидејќи таа не може да рика поради тоа што ѝ недостасува специјализираниот грклан и подјазична коска на родот Panthera. Како и домашни мачки, пумите вокализираат длабоко шиштење, ’ржење и предење, како и цврчење и свиркање. thumb|Задна шепа на пума
Обојувањето на пумата е еднобојно но може да варира помеѓу единки па дури и помеѓу браќа и сестри. Крзното е вообичаено жолто-кафеаво, но може да биде сребрено-сиво или црвеникаво, со посветли делови на долните делови од телото вклучувајќи ги канџите, брадата и грлото. Доенчињата се точкесто ишарани и родени се со сини очи и прстени на нивните опашки; малдите се бледи и темните точки остануваат на нивните страни. И покрај анегдотите, напротив, не се документирани целосно црни пуми (меланизам). Терминот „црн пантер“ се користи колоквијално за меланистички единки од други видови, особено јагуари и леопарди.
Пумите имаат големи шепи и пропорционално најголеми задни нозе во семејството на мачките. Оваа физичка одлика им овозможува големи скокови и способност за кратки спринтови. Забележан е извонреден вертикален скок на пумите од 5,4 метри. Хоризонталните скокови од стоечка положба изнесуваат некаде од 6 до 12 метри. Пумата може да трча 55 до 72 км/ч, но повеќе е приспособена за кратки, моќни спринтови отколку за трчање на долги патеки. Вешта е за искачување, што и овозможува да избегнува кучешки соперници. Иако не е силно поврзана со водата, таа може да плива.
Ловење и исхрана Како многу прилагодлив и успешен грабливец, пумата го јаде секое животно што може да фати, од инсекти до големи копитари (над 500 килограми). Како и сите мачки, таа е Carnivora, се храни само со месо. Просечната тежина на ’рбетениот плен (MWVP) е во позитивна корелација (р = 0,875) со телесната тежина на пумата и во обратнопропорционално корелација (р =- 0,836) со храната распространета низ Америка. Во принцип, MWVP, е помала во областите поблиску до екваторот. Нејзини најважни пленови се различни видови елени, особено во Северна Америка; Odocoileus hemionus, белоопашест елен, северен елен, па дури и големите лосови се ловени од мачката. Други видови како муфлон, диви коњи во Аризона, домашни коњи и домашни животни како што се говеда и овци, се исто така се примарна храна на пумата во многу области. Во едно истражување во Северна Америка 68% од пленот на пумите беа копитарите, особено еленот. Само флоридскиот пантер покажува варијација, често претпочитајќи ги дивите свињи и оклопникот. thumb|Пумите се грабливци од заседа, се хранат најмногу со елени и други цицачи. Истражувањето во националниот парк Јелоустоун покажа дека северниот елен, по кој следи Odocoileus hemionus, беа примарната цел на пумата; базата на пленови ја дели со сивите волци, со кого пумата се натпреварува за ресурси.* * Друга студија за ловот на пумите во зима (ноември-април) во Алберта покажала дека копитарите придонесуваат за 99% и повеќе во исхраната на пумите. Забележано е поединечно препознавање на пленот, така што некои пуми ретко убиваат муфлони, додека други исхраната најмногу ја засноваат на овие животни.