Американски долар — официјалната валута на САД. Американскиот долар, исто така, е во широка употреба како резервна валута надвор од САД. Издавањето на валутата е под контрола на Федералниот резервен систем на САД. Најчесто користен симбол за американскиот долар е знакот долар ($), додека кодот ISO 4217 за американскиот долар е USD. Американскиот долар се обележува како US$ од страна на Меѓународниот Монетарен Фонд. Доларските банкноти не се печати на хартија (од дрво, целулоза) туку од специјално изработени листови од памук.
Доларот како тема во уметноста и во популарната култура thumb|лево|250п|Американски долар „1 000 000 $“ песна на македонската рок-група „Архангел“ од 1993 година.Архангел, Архангел 1. Litium Records 001, 2000. „За неколку долари повеќе“ (англиски: For a Few Dollars More) - композиција на италијанскиот композитор Енио Мориконе (Ennio Morricone).DISCOGS, Ennio Morricone – The Best Of Ennio Morricone (пристапено на 31.8.2019) „Грст долари“ (англиски: A Fistful of Dollars) - композиција на италијанскиот композитор Енио Мориконе (Ennio Morricone). „Бандата на доларот“ (англиски: Gang Of $) - песна на американската рок-група Shudder To Think.DISCOGS, Shudder To Think – Pony Express Record (пристапено на 6.4.2021)
Надворешни врски Американски долар (Банкноти)
Наводи
Категорија:Валути Категорија:Валути во оптек