ФК Милан () или само Милан е италијански фудбалски клуб од Милано. Клубот бил основан во 1899 година од англискиот изработувач на тантели Херберт Килпин, Алфред Едвардс и четири други АнгличаниNottingham man who founded AC Milan, и од тогаш најголем дел од историјата ја поминал играјќи во најсилната италијанска лига (само две години во серија Б во осумдесеттите).
Милан има освоено вкупно 19 признати официјални меѓународни титули, и со Бока Јуниорс имаат најмногу на светот. Клубот ја има освоено седум пати Лигата на шампионите; само Реал Мадрид ја има освоено повеќе (10 пати). Што се однесува на италијанските натпреварувања, Милан го дели второто место со 19 титули заедно со Интер, по Јувентус кој има 36 титули. Милан има освоено четири светски титули, повеќе од било кој клуб на светот. Има освоено Интерконтиненталниот куп трипати и Светското клупско првенство еднаш.
Меѓу другите важни титули освоени од Милан спаѓаат Европскиот супер куп рекордни пет пати, и Купот на победниците двапати; како и да е тие никогаш не стигнале до финалето во УЕФА купот (две полуфиналиња во 1972 и 2002). Ова е единствениот официјален трофеј што постои кој Милан сѐ уште не го освоил. Во Италија клубот ја освоил Копа Италија 5 пати, како и 6 пати Италијанскиот супер куп. Милан беше исто така и еден од основачите на Г-14 групата, група која ја содржеа осумнаесет најголеми и најпрестижни Европски клубови, пред да биде растурена..
Милан своите натпревари ги игра на стадионот Сан Сиро, исто така познат како Џузепе Меаца. Стадионот, кој се дели со Интер, е најголемиот во италијаскиот фудбал и има капацитет од 80,018 седишта.
Историја thumb|100px|right|Херберт Килпин, првиот капитен на Милан Клубот бил основан во 1899 година од страна на британските доселеници Херберт Килпин, Алфред Едвардс и уште четворица сонародници. Во чест на неговите корени, на клубот му останало името според англискиот изговор на градот, наместо менувајќи го во италијанското Милано (иако биле присилени да го сменат за време на фашистичкиот режим, исто како и Џенова и Интернационале). Милан го освоил за прват италијанското првенство во 1901, а потоа и во 1906 и 1907.
Во 1908 клубот доживува расцеп предизвикан поради внатрешните несогласувања поради купување на странски играчи, што довело до формирање на нов Милански тим, Интернационале. Последователно од овие настани, Милан не успеа да освои ниту една домашна титула сè до 1950-51. Во 1963 тие ја обезбедија нивната прва континентална титула, освојувајќи го Европскиот куп победувајќи ја Бенфика во финалето. Овој успех се повтори и во 1969, а го освоија и Интерконтиненталниот куп истата година. По пензионирањето на Џани Ривера, за Милан следеше период на опаѓање, во тек на кој беа вмешани во скандалот Тотонеро во 1980 и како казна беа исфрлени во серија Б, за првпат во историјата. Скандалот беше заснован на обложувачките организации кои им плаќаа на играчите и судиите да го утврдат исходот на натпреварите. Милан брзо се врати во серија А, но веќе следната година повторно се врати во серија Б поради тоа што го завршија првенството 1981-82 во зоната за испаѓање.
Во 1986, претприемачот Силвио Берлускони го презема клубот, и веднаш почна да вложува многу пари во тимот, именувајќи го тренерот во пораст Ариго Саки на чело на росонерите и потпиша договор со холанското трио Марко ван Бастен, Руд Жилит и Франк Рајкард. Ова беше почеток на најуспешното време во клупската историја, со што Милан освои седум домашни трофеи, пет Шампионски лиги и три Интерконтинентални купа.
Во 2006 Милан беа вмешани во скандалот во серија А каде пет тима беа обвинети за местење на натпревари. Милан беа казнети со одземање на 15 бода и со тоа не се квалификуваа во Лигата на шампиони. Со помош на жалбата што ја поднесоа нивната казна беше намалена на 8 бода и тоа им овозможи да учествуваат во Лигата на шампиони 2006-07, каде што ја освоија титулата.
Прв тим
Претседатели и менаџери Претседателска историја Милан имал голем број на претседатели низ нивната историја, некои од нив биле сопствениците на клубот додека други биле хонорарни претседатели. Еве го целосниот список.
ИмеГодини Алфред Едвардс1899–1909Џанино Камперио1909Пјетро Пирели1909–1928 Лујџи Раваско1928–1930Марио Бернацоли1930–1933Лујџи Раваско1933–1935Пјетро Анони1935Пјетро АнониГ. ЛорензиниРино Валдамери1935–1936Емилио Коломбо1936–1939Акиле Инверници1939–1940 ИмеГодини Умберто Трабатони1940–1944Антонио Бусини1944–1945 Умберто Трабатони1945–1954Андреја Ризоли1954–1963Феличе Рива1963–1965Федерико Сордило1965–1966Франко Караро1967–1971Федерико Сордило1971–1972Албино Бутичи1972–1975Бруно Парди1975–1976Виторио Дуина1976–1977 ИмеГодиниФеличе Коломбо1977–1980Гаетано Морацони1980–1982Џузепе Фарина1982–1986Росарио Ло Верде1986Силвио Берлускони1986–2004Претседателски комитет2004–2006Силвио Берлускони2006–2008Претседателски комитет2008–2012Силвио Берлускони2012-2017Ли Јонхонг2017-2018Паоло Скарони2018-
Менаџерска историја Долу е списокот на тренерите на Милан од 1900 па сè до денес. ИмеНационалностГодиниХерберт Килпин1900–1908 Даниеле Анџелони1906–1907 Техничка комисија1907–1910 Џовани Камперио1910–1911 Техничка комисија1911–1914Гуидо Мода1915–1922Ферди Опенхајм1922–1924 Виторио Поцо 1924–1926Гуидо Мода 1926Херберт Берџес 1926–1928Енгелберт Кениг 1928–1931Јосеф Банас1931–1933Јосеф Виола1933–1934 Адолфо Балончиери1934–1937 Вилијам Гарбат1937Херман ФелснерЈосеф Банас1937–1938Јосеф Виола1938–1940 Гуидо АраАнтонио Бусини 1940–1941 Марио Мањоци 1941–1943Џузепе Сантагостино 1943–1945Адолфо Балончиери1945–1946Џузепе Бигоњо1946–1949Лајос Цеизлер1949–1952 Gunnar Gren 1952Марио Спероне1952–1953 Бела Гутман1953–1954Антонио Бусини 1954Хектор Пуричели 1954–1956Џузепе Виани 1957–1960Paolo Todeschini 1960–1961Нерео Роко 1961–1963Luis Carniglia 1963–1964Нилс Лидхолм 1963–1966Џовани Катоцо 1966Артуро Силвестри 1966–1967 Нерео Роко 1966–1972 ИмеНационалностГодини Чезаре Малдини 1973–1974Џовани Трапатони1974Густаво Џањони1974–1975Нерео Роко 1975Паоло Барисон1975-1976Џовани Трапатони1976Џузепе Марчиоро 1976–1977Нерео Роко 1977Нилс Лидхолм 1977–1979Масимо Џакомини 1979–1981Итало Галбиати 1981Лујџи Радиче 1981–1982Итало Галбиати 1982Франческо Загати 1982Иларио Кастагнер 1982–1984Итало Галбиати 1984Нилс Лидхолм 1984–1987Фабио Капело 1987Ариго Саки 1987–1991Фабио Капело 1991–1996Оскар Табарес 1996Џорџо Морини 1996–1997Ариго Саки 1997Фабио Капело 1997–1998Алберто Закерони 1998-2001Чезаре МалдиниМауро Тасоти 2001Фатих Терим 2001Карло Анчелоти 2001–2009Леонардо 2009–2010Масимилијано Алегри 2010-2013Кларенс Сидорф 2013Филипо Инѕаги 2014Синиша Михајловиќ 2015-2016Кристијан Броки 2016Винченцо Монтела 2016-2017Џенаро Гатузо 2017-2019Марко Џампаоло 2019Стефано Пиоли 2019
Наводи
М