Нелсон де Жесус Силва () (роден на во Ирара, Баија) најдобро познат како Дида — бразилски фудбалер кој игра на позицијата голман. Во неговата кариера има играно за неколку тимови и има освоено многу титули, а помеѓу позначајните се по една титула во серија А, Копа Италија и Италијански супер куп и по две титули во Лигата на шампионите, УЕФА Супер купот и Светското клупско првенство (по една со Коринтијанс и Милан). Најголем дострел со репрезентацијата на Бразил му е освојувањето на Светското првенство во 2002, како и двапати Купот на конфедерациите (1997 и 2005). Дида исто така е прогласен и за најдобар голман на светот во 2005 година. Во моментот Дида е слободен играч.
Кариера Ран живот и кариера Иако роден во Баиjа, Дида израснал во малата северна провинција Алагоајс. Неговите идоли и играчи на кои се угледувал биле голманите Валдир Перес и Ринат Дасаев, кои ги гледал на телевизија за време на Светското првенство во 1982 година. Како навивач на Фламенго клубот, тој помогнал во формирањето аматерски тим наречен Flamenguinho („Мало Фламенго“) на тринаесет годишна возраст, тим кој бил составен од момчиња од неговото соседство.
Неговата фудбалска кариера започнува во 1990, на 16 години, во алагоајскиот тим Крузеиро од Арапирака (да не биде помешано со Крузеиро Е.Ц.). Две години подоцна, влегува во клубот Виторија, клуб од својот роден град, со кој победува на првенството во 1992 година. Во 1993, Дида направи 24 првотимски настапи за Виторија по освојувањето на Светско младинско првенство под 21 како прв избор за Бразил.
Дида влегува во Крузеиро во 1994, каде, во рок од пет сезони, тој освои три Минаш Жераис државни титули, Фудбалски куп на Бразил во 1996 и Копа Либертадорес во 1997, заедно со пар „Placar Bola de Prata“ награди за најдобар голман во Бразилската серија А. Но со овој успех наскоро дојде желбата да замине во Европа и во јануари 1999 тој одлучи да го напушти Крузеиро и да потпише со Милан.
Милан 2000-2002 Барањето на Дида да се откаже од договорот со Крузеиро за да оди во Европа создала расправија со клубот која траела пет месеци, а во меѓувреме тој тренирал во Швајцарскиот клуб Лугано само за да се одржи во натпреварувачка форма. Но кога прашањето било конечно разрешено и Дида формално се приклучи кон составот на Милан, Кристиан Абиати веќе цврсто ја држел позицијата прв голман, а ветеранот Себастиано Роси исто така не бил исклучен од можноста да застане меѓу стативите, па Дида стана трет избор на тренерот Алберто Закерони.
Милан го даде Дида на позајмица во клубот од Саун Пауло, Коринтиjанс со цел да се здобие со првотимска акција. Во текот на позајмицата Дида успеа да ги покаже своите способности за одбрана на пенали. Неговите две одбрани од белата точка во победата на Коринтијанс со 3-2 над локалниот соперник ФК Саун Пауло - со двата пенали изведени од Раи - во полуфиналето на Бразилското првенство серија А резултираа со насловот „Дида е Бог“ на спортското списание Lance!. На Светско клупско првенство во 2000 година, Дида спаси пенал од Николас Анелка во натптеварот со Реал Мадрид кој заврши 2-2 и во финалето против Васко де Гама, Коринтиjанс ја зема титулата во натпреварот кој заврши со изведување на пенали со резултат 4-3.
Милан го врати Дида во сезоната 2000-01. Тој го презема местото на Роси во почетната формација, додека Абиати беше со Италијанската репрезентација на Олимписките игри 2000 година. Своето деби во дресот на Милан го забележа со победата од 4-1 во групната фаза против Бешикташ на 13 септември 2000 година, но на 19 септември, во 89 минута против Лидс Јунајтед, после смирувањето на ударот од Ли Бојер случајно ја испушти топката во сопствената мрежа, предизвикувајќи Милан да го загуби натпреварот со 1-0. Тоа беше грешка од срамни пропорции и покрај победата од 2-0 против Барселона една недела подоцна, Дида беше седнат на клупата по враќањето на Абиати. Тој го направи својот прв и единствен настап во серија А во ноември во поразот од 2-0 од Парма каде што Патрик Мбома ги постигна двата гола.
Еден месец после дебаклот со Лидс, тој беше еден од десетината фудбалери од Серија А кои беа обвинети за користење на лажни европски пасоши. Дида го призна фалсификувањето на документите со цел да добие португалски пасош, во обид да се одбегне надминување на лимитот на не-ЕУ играчи во италијанската лига за да може да потпише со Милан. Италијанската фудбалска федерација го казни Милан со 314,000 £ и го суспендираше Дида од лигата една година како и од репрезентацијата. На 3 април 2003, по појавувањето на судот во Милано, му била изречена седум месечна затворска казна.
Дида беше позајмен назад на Коринтијанс во сезоната 2001-02 после аферата со пасошите, но се врати следната сезона во Милан, којашто ја почна на клупата сè до моментот кога Абиати заработи повреда на колкот на полувремето од Лигата на шампионите во натпреварот против Слован Либерец на 14 август 2002. Дида го зема неговото место во второто полувреме и следеше едно солидно издание кое резултираше со нов прв голман во таборот на Милан.
2003-2006
Тој наскоро го запиша своето име во историјата на Милан по финалето во Лигата на шампионите на Олд Трафорд против лигашкиот соперник Јувентус, во кое тој спаси пенал од Давид Трезеге, Марчело Залајета и Паоло Монтеро со што Милан победи со 3-2 откако мечот заврши без голови. Освен од италијанските медиуми, пофалбите стигнаа и од дома; тој беше наречен „Свети Дида“ од бразилскиот прес, додека Folha de São Paulo излезе со насловот „Дида го истурка Милан до врвот на Европа“.
Дида беше именуван за најдобар голман во серија А по примањето на само 20 гола во 32 натпревари во сезоната 2003-04 кога Милан го освои Скудетото, станувајќи првиот не-италијански голман што ја добил оваа награда.
На 12 април 2005, во реванш мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, додека Милан водеше со 1-0 благодарејќи на голот на Андриј Шевченко, навивачите на Интер станаа нервозни поради контраверзното поништување на голот на Естабан Камбиасо од судијата Маркус Мерк - кој, момент подоцна, му покажа жолт картон на Камбиасо поради приговор - поради тоа што досуди прекршок од напаѓачот на Интер Хулио Круз поради фаул врз Дида во шесте метри од голот кога играчите се бореа да обезбедат позиција за изведувањето на корнер. Веднаш потоа шишиња и разни делови од скршени столици беа фрлани на игралиштето, но навивачите ја зголемија тензијата и со палење на бакли. Додека Дида се обидуваше да ги расчисти шишињата за да изведе удар од голот, една бакла го погоди во грбот, во десното рамо. Мерк го прекина мечот во 74 минута. По пауза од половина час во која беа повикани пожарникари да ги отстранат запалените бакли од теренот, мечот беше рестартиран. Дида не можеше да го продолжи мечот и на негово место влезе Абиати. По помалку од минута Мерк конечно го заврши мечот откако уште бакли и скршени столици беа фрлани во игралиштето. Мечот беше доделен како победа од 3-0, од двата натправари 5-0, на Милан. (includes photo gallery)
Дида претрпе модринки и изгореници од прв степен на неговото рамо, но не пропушти ниту еден натпревар и беше назад помеѓу стативите на наредниот меч во серија А на 17 април против Сиена. Во меѓувреме, Интер беа казнети со парична казна од 200.000 € - најголема казна изречена од УЕФА - и им беше наредено да ги играат првите четири домашни натпревари од Лигата на шампионите во сезоната 2005-06 под затворени врати како казна.
Неговата форма почна да опаѓа, од натпреварот во полуфиналето со ПСВ Ајндховен, и во поразот во финалето во Лигата на шампионите во 2005 од Ливерпул, во кој Милан водеа во првото полувреме со 3-0, а на крај мечот заврши со 3-3. Дида успеа да го спаси само шутот од пенал на Џон Арне Рисе со што Ливерпул триумфираше со 3-2 после изведувањето на пенали. Тој постави рекорд во Лигата на шампионите за најголем број на чисти мрежи, седум на број, кој беше срушен од Јенс Леман следната сезона кој играше во Арсенал.
Тешкиот пат на Дида продолжи и во сезоната 2005-06, што доведе тогашниот тренер на Бразил Карлос Алберто Пареира јавно да изјави дека неговата почетната позиција за Светското првенство не му е загарантирана. Пробивањето на Милан до финалето од Лигата на шампионите 2006 запре во полуфиналето поради поразот од Барселона со 1-0, иако Дида направи неколку серии од солидни одбрани на Роналдињо, Самјуел Ето и Хенрик Ларсон кои го покажаа неговото враќање во форма.
2006-2008 thumb|Dida in a home match againstACF Fiorentina on 6 мај 2007 Дида имаше силен старт во 2006-07; после голот од Стефен Макинва во победата на Милан од 2-1 во првиот меч во серија А на 10 септември, не дозволи да прими гол во следните 446 минути игра, и прими само два гола на пет од шесте натпревари на Милан во мечевите од групната фаза во Лигата на шампионите. Тој го забележа 200-тиот настап за Милан во поразот со 1-0 од Асколи на 20 септември, а на 28 јануари 2007, тој го изигра својот 150-ти меч во серија А во победата од 1-0 над Парма. Дида исто така го продолжи својот договор за уште три години со Милан на 10 март, и во интервјуто за каналот на Милан изјави "Беа потребни шест месеци за да се постигне договорот и сега е конечно готово. Пресреќен сум."Dida renews contract with AC Milan - International Herald Tribune, 3/10/07. Посетено на 11/17/08. Но во 2006-07 дојде до првата посериозна повреда во неговата кариера и тој пропушти единаесет мечеви од серија А поради повреди во коленото и рамото; тој пропушти вкупно десет лигашки мечеви во претходните три сезони.
Неговата форма почна повторно постепено да опаѓа на стартот на 2007; тој беше многу критикуван по поразот на Милан од Манчестер Јунајтед со 3-2 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите на 23 април, но потоа имаше голема улога во решавашката победа од 3-0 во вториот натпревар на 3 мај, што ги прати Росонерите во финалето од Лигата на шампионите со вкупен резултат од 5-3. Неговата форма почна повторно да се подобрува и продолжи во мечот со Ливерпул на 23 мај, каде тој имаше три одбрани од Џермаин Пенант, Стивен Џерард и Питер Крауч со што Милан победи со 2-1 и го подигна седмиот трофеј во Лигата на шампионите.
На 3 октомври 2007, на мечот против Селтик во Глазгов од групната фаза во Лигата на шампионите, напаѓачот на Селтик Скот МекДоналд постигна победоносен гол во 90-тата минута за победа од 2-1. Додека МекДоналд и неговите соиграчи славеа за постигнатиот гол кај корнер знаменцето, 27 годишниот навивач на Селтик Роберт МекХендри влезе на игралиштето и го потчукна Дида по неговото рамо како што трчаше низ шеснаесетникот на Милан. Дида почна да го брка, но после неколку чекори се струполи на земја, држејќи се за лицето; тој беше изнесен од теренот и заменет. Иако МекХендри подоцна се пријави во полиција и му беше дадена доживотна забрана да се појави на Селтик Парк, Дида беше осуден од УЕФА поради кршење на правилата кои вклучуваат „лојалност, чесност и спортски дух“, откако се утврди дека неговата повреда е одглумена. Дида беше казнет со суспензија од два меча, на што Милан веднаш поднесе жалба.
Пред мечот на Милан во серија А против Емполи на Сан Сиро на 21 октомври, тој се понуди да се извини на навивачите со поклонување на сите делови од стадионот каде што беше сместена толпата навивачи за време на загревањето, и доби аплауз за возврат. Следниот ден, УЕФА ја смали неговата суспензија на еден меч и тој се врати во победата на Милан од 4-1 против Шахтар Донецк на 24 октомври.
Дида се придружи на соиграчите Кафу, Кака, Роналдо и Паоло Малдини на петтиот годишен Меч против сиромаштијата во Малага, Шпанија на 19 ноември, но го пропушти вториот меч против Селтик во групната фаза на 4 декември поради болест. Во декември, тој стана првиот двоен победник на Светското клупско првенство откако Милан ги порази Бока Јуниорс .