Масимо Амброзини (роден на ) — поранешен италијански фудбалер кој играл на позиција играч за врска. Поголемиот дел од својата кариера ја поминал во екипата на Милан, каде што тој поминал цели 18 години, освојувајќи многу титули и бил исто така назначен за капитен на тимот од 2009 до 2013 година по пензионирањето на Паоло Малдини. Амброзини се повлекол од професионалното играње на фудбал во 2014 година, после една сезона помината во Фиорентина.

На репрезентативно ниво тој ја претставувал Италија на Летните Олиписки игри во Сиднеј во 2000 година, и на два Европски првенства, освојувајќи го вицешампионскиот медал на УЕФА Еуро 2000.

Тој во моментов работи како критичар и фудбалски коментатор за Sky Sports.http://www.tuttosport.com/news/calcio/serie-a/milan/2017/02/27-22237504/tifosi_del_milan_contro_le_telecronache_ambrosini

Наводи

Надворешни врски FootballDatabase.com provides Ambrosini's profile and stats

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Чезена Категорија:Фудбалери на ФК Виченца Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А