мини|Ѓорѓи Мијаков попознат како Катиљ Ѓорѓи, Ѓорѓи Мијак, роден е во мариовското село Брник во 1875 година. За време на османлиското владеење бил познат ајдук во Мариовско. За него била напишана песната „Болен лежи Катиљ Ѓорѓи“, која на времето ја испеал Александар Сариевски. Ајдутство — најстара и најдолготраен облик на вооружен отпор против турското ропство, кој се појавил во 16 век.Историја на македонскиот народ, книга прва. НИП Нова Македонија, Скопје, 1969. Ајдути станувале најчесто смелите луѓе, најчесто селаните. Биле организирани во ајдутски дружини на чело со војвода, арамбаша кој самите го избирале. Своите акции ги почнувале на пролет (околу Ѓурѓовден), а на есен (околу Митровден) се засолнувале кај своите јатаци. Како засолниште доста често служеле и манастирите, каде што биле лекувани болните и ранетите ајдути. Ајдутите најчесто оформувале дружини од 20 до 30 луѓе, а во некои случаи броеле и до стотина. Ајдутите најчесто организирале заседи и напаѓале ненадејно. Тие ги напаѓале и ограбувале турските феудални имоти, ги кршеле алатките, ги палеле амбарите. Поголемите ајдутски дружини знаеле да нападнат и во градовите, па така се забележани ајдутски напади во Битола, Лерин, Охрид и Ресен. Битолскиот безистен бил дури двапати нападнат (еднаш во 1646 година, а втор пат во 1661 година). лево|мини|Споменик на Петар Карпош, во близина Камениот мост, каде бил погубен. Против ајдутство биле организирани потери, а фатените ајдути и јатаци биле јавно казнувани. Познати се и многу поенергични мерки преземени против ајдутите, но и против нивните јатаци, при што Турските власти палеле и по цели села, како одмазда кон јатаците или нивните роднини. Еден вид на заштита било организирањето на дервенџии и мартолози, како и сеча на шумите кои се наоѓале крај патиштата. Некои од фатените ајдути биле обезглавени, набиени на колец или добивале долгогодишна робија на галии како оковани веслачи. Народните буни и востанијата, скоро секогаш биле потпомогнати од самите ајдути Ајдутството продолжило и се засилило и во наредните векови, кога ајдутите земале учество во многу востанија и народни буни, па затоа и било опеано во многу ајдутски народни песни. Кај нас меѓу најпознатите ајдути е Петар Карпош, предводник на големото народно востание од 1689 година на македонскиот народ против Османлиското Царство, познато во историјата како Карпошово востание. Со појавата на организираното ослободително движење и особено со формирањето на МРО (ВМОРО) при крајот на 19 век, ајдуството го губи своето поранешно значење, па дури станува и еден вид пречка во развојот на ослободителната борба.
Во своето дело „Српски рјечник“, Вук Караџиќ дал автентичен опис на ајдутството. Според него, ајдуците се појавиле како реакција на турската неправда и насилство. Затоа, меѓу ајдуците имало многу чесни луѓе, а на почетокот, веројатно, и некогашните благородници станувале ајдуци. Поретко, луѓето станувале ајдуци и заради одмазда, а некои ајдуци правеле злосторства и кон сопствениот народ. Притоа, ајдутството се засилувало во периодите кога турската власт била понасилна. На почетокот, ајдуците ги ограбувале турските даночници, но подоцна ги напаѓале трговците и патниците, па дури и ги ограбувале домовите на побогатите луѓе. Често, тие грабале луѓе од домовите, а потоа барале откуп од нивните роднини. На лето, ајдуците живееле во шумите, а ги посетувале своите јатаци во потрага по храна. Најчесто, ајдуците биле облечени во бечви од чоја, биле обуени во опинци, а носеле сини или зелени долами и гунчиња. Особено биле препознатливи нивните фесови или свилени капи со китка од едната страна, а на градите носеле сребрени токи или сребрени пари. Најчесто биле вооружени со долга пушка, две кратки пушки и нож.„Песме о хајдуцима“, во: Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 141-143.
Ајдучки песни Ајдучките песни се далеку побројни во споредба со другите циклуси епски народни песни. Во најголем дел, тие биле забележани во XIX век, а некои и во XVIII век. Тие се многу распространети и популарни, но по уметничката вредност не заостануваат зад другите циклуси. Во ајдучките песни се прикажани непомирливото, енергично и смислено спротивставување на туѓата власт, борбеноста и вербата во конечната победа; тие се одликуваат со жива, здрава и оптимистичка атмосфера, а токму тоа придонело за нивното брзо распространување и за широката популарност. Циклусот ајдучки песни се состои од неколку помали циклуси кои се формирале околу одделни ајдучки дружини или поединечни личности. Најпознати се песните посветени на Старина Новак за кого е формиран најцелосниот циклус ајдучки песни, кој е тематски целосно разработен и вообличен. Во него се опишани бројни ликови од 16 век (Старина Новак, Дели Радивој, детето Груица, Малиот Радоица, Дели Татомир, Стариот Вујадин), кои формираат идеализирана дружина која дејствува во околината на Сараево и на планината Романија. Исто така, голем е циклусот посветен на Бајо Пивљанин и неговата дружина од 17 век, која дејствувала околу Бока Которска, а третиот голем циклус е поврзан на ајдукот Мијат Томиќ (кој дејствувал во Босна), но овој циклус не е целосно вообличен. Во ајдучките песни се опеани сите важни моменти на ајдутството: заминувањето во планината, борбите, заседите, грабежите и смртта на главните ликови. Најпознати српски ајдучки песни се: „Старина Новак и кнезот Богосав“, „Старина Новак и Дели-Радивој“, „Новак и Радивој го продаваат Груица“, „Груица и Арапот“, „Стариот Вујадин“, „Костреш Арамбаша“, „Малиот Радоица“, „Зошто Бајо замина во ајдуци“, „Човек-паша и овчарот Михат“, итн.„Песме о хајдуцима“, во: Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 141-145.
Ајдуството како мотив во народната книжевност „Сирма војвотка“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 112. „Јане Плетикоса“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 104-105. „Сама мома црни очи клела“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 113-114. „Озгора идат сејмени“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 117. „Пука пукна во гора зелена“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 118-119. „Страил страшен војвода“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 120-122. „Иљо војвода“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 115-116. „Чавдар војвода и Лауш“ — македонска народна песна.Народна поезија (приредил Кирил Пенушлиски), „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 106-111. „Ѓерзелез Алија“ (српскохрватски: Đerzelez Alija) — босанска епска песна.Muslimanske junačke pjesme. Sarajevo: Stvarnost, 1969, стр. 44-46. „Старина Новак и дели-Радивој“ (српски: Старина Новак и дели-Радивоје) — српска епска (ајдучка) песна.Junačke narodne pesme. Beograd: Rad, 1959, стр. 105-108. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 9-13. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 316-319. Српске народне песме, VII свеска Хајдуци (у редакцији Милоша Ђурића), Народна просвета, Београд (без дата), стр. 6-8. „Старина Новак и кнезот Богосав“ (српски: Старина Новак и кнез Богосав) — српска епска (ајдучка) песна.Junačke narodne pesme. Beograd: Rad, 1959, стр. 102-104. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 5-8. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 307-309. Српске народне песме, VII свеска Хајдуци (у редакцији Милоша Ђурића), Народна просвета, Београд (без дата), стр. 3-5. „Новак и Радивој го продаваат Груица“ (српски: Новак и Радивоје продају Грујицу) — српска епска (ајдучка) песна.Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 14-20. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 310-315. „Груица и Арапот“ (српски: Грујица и Арапин) — српска епска (ајдучка) песна.Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 21-24. „Груица и пашата од Загорје“ (српски: Грујица и паша са Загорја) — српска епска (ајдучка) песна.Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 25-30. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 320-325. Српске народне песме, VII свеска Хајдуци (у редакцији Милоша Ђурића), Народна просвета, Београд (без дата), стр. 9-13. „Женидбата на Груица Новаковиќ“ (српски: Женидба Грујице Новаковића) - српска епска (ајдучка) песна.Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 31-43. „Миховил Томиќ и Тешњанин Алија“ (српскохрватски: Mihovil Tomić i Tešnjanin Alija) — босанска епска песна.Muslimanske junačke pjesme. Sarajevo: Stvarnost, 1969, стр. 619-636. „Костреш Арамбаша“ (српски: Костреш харамбаша) — српска епска (ајдучка) песна.Српске народне песме, VII свеска Хајдуци (у редакцији Милоша Ђурића), Народна просвета, Београд (без дата), стр. 18-21. „Жената на ајдукот Вукосав“ (српски: Љуба хајдук-Вукосава) — српска епска (ајдучка) песна.Српске народне песме, VII свеска Хајдуци (у редакцији Милоша Ђурића), Народна просвета, Београд (без дата), стр. 22-27. „Стариот Вујадин“ (српски: Стари Вујадин) — српска епска (ајдучка) песна.Српске народне песме, VII свеска Хајдуци (у редакцији Милоша Ђурића), Народна просвета, Београд (без дата), стр. 28-29. „Малиот Радоица“ (српски: Мали Радоица ) — српска епска (ајдучка) песна.Српске народне песме, VII свеска Хајдуци (у редакцији Милоша Ђурића), Народна просвета, Београд (без дата), стр. 30-34. „Селман бег и Павле Горетиќ“ (српски: Селман бег и Павле Горетић) — српска епска (ајдучка) песна.Српске народне песме, VII свеска Хајдуци (у редакцији Милоша Ђурића), Народна просвета, Београд (без дата), стр. 60-61. „Сава од Посавие и Али бег“ (српски: Сава од Посавља и Али-бег) — српска епска (ајдучка) песна.Српске народне песме, VII свеска Хајдуци (у редакцији Милоша Ђурића), Народна просвета, Београд (без дата), стр. 35-40. „Дружината на ајдукот Михат“ (српски: Дружина Михата хајдука) — српска епска (ајдучка) песна.Српске народне песме, VII свеска Хајдуци (у редакцији Милоша Ђурића), Народна просвета, Београд (без дата), стр. 41-42. „Бајо Пивљанин и бегот Љубосав“ (српски: Бајо Пивљанин и бег Љубосав) — српска епска (ајдучка) песна.Српске народне песме, VII свеска Хајдуци (у редакцији Милоша Ђурића), Народна просвета, Београд (без дата), стр. 43-47.
Ајдутството како тема во уметноста „Ајдучка песна“ — песна на Никола Јонков Вапцаров од 1929 година.Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 42. „Ајдукот Хризиќ“ — песна на Пушкин од 1834 година.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 260-261.
Извори
Категорија:Турцизми