Залив на Љубовта (латински: Sinus Amoris) — Месечево море што се протега кон север од североисточниот крај на Морето на Спокојот. Северно од заливот се наоѓаат измешаните планински врвови Таур.

Близу јужниот крај на заливот, каде што се влева во Морето на Спокојот, се наоѓа кратерот Теофраст. По должината на западната страна се наоѓаат поплавениот кратер Маралди и Монс Маралди. Граничејќи со источната страна на заливот се наоѓаат кратерите Кармајкл и Хил. Во средишниот дел од заливот има неколку ниски гребени, но инаку е релативно безличен.

На јужниот излез каде што заливот се спојува со морето се наоѓа Монс Есам, мал издиг што се наоѓа меѓу неколку мали Месечеви куполи.

Наводи

Надворешни врски

Залив на Љубовта на Википедија „Месечината“ Категорија:Месечеви мориња Категорија:Четириаголник LQ12 Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Краток опис различен од Википодатоците Категорија:Статии со краток опис