Змиско Море (латински: Mare Anguis) — месечево море сместено на блиската страна на Месечината, со дијаметар од околу 150 километри. Сместена во сливот на Морето на Кризите, Змиското Море е дел од нектаријанскиот систем, што значи дека е формирана за време на нектаријанскиот временски период. Како и кај повеќето мориња, површината на Змиското Море е темна, што укажува дека е исполнета со вулкански базалт. Формира дел од концентричен прстен североисточно од работ на Морето на Кризите и лежи на надморска височина 800 метри над истото море. Канали водат надолу од Змиското Море до Морето на Кризите, со некои можни индикации за проток на лава.
Малиот кратер Ејмарт А, со пречник од околу 7 километри, е сместен на самиот источен раб од Змиското Море. Се претпоставува дека токму овој кратер е изворот на антарктичкиот лунарен метеорит ALHA81005. При самиот метеоритски удар била ископана базалтна карпа од подлабоките слоеви, што ја објаснува присутната мешавина од оливин и нискокалциумски пироксен забележана во неговиот спектар.
Наводи
Категорија:Месечеви мориња Категорија:Четириаголник LQ13 Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Краток опис различен од Википодатоците Категорија:Статии со краток опис