Маре Стеван Козаровска-Талевска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис За време на окупацијата живеела во Прилеп и од 1941 година, станала член на женска воспитна група, со задача да собира народна помош и санитетски материјал. Работела за организирање на жените, а во 1942 година била член на Комисијата за работа со жени. Нејзината куќа се ползувала за чување илегалци и одржување на илегални состаноци. На 9 јуни 1944 година стапила во партизанскиот одред „Трајче Петкановски“ и била член на штабот. Со одлука на Штабот била доделена на работа во партиската техника, а подоцна префрлена на работа во задиината на теренот вo Азот. Станала член на КПМ во септември 1944 година.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ