Милка Вантова Ковачова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Таа била монополска работничка. Во 1943 година била опфатена во воспитна младинска група во монополот, а веќе во јуни истата година станала член на СКОЈ. Собирала народна помош, растурала пропаганден материјал и учествувала во саботажните акции на монополот. Кон крајот на август 1944 година станала борец во Четвртата македонска ударна бригада. Учествувала во борбите за ослободување на Кочани и други акции на Бригадата. Во декември била повлечена за работа во заднината и избрана за член на Месниот Комитет на СКОЈ - Радовиш.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ