Савка Ковачевиќ-Ѓаковиќ ( — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител е на Партизанска споменица 1941.

Животопис мини|Савка е носител на Партизанска споменица 1941. Пред војната му припаѓа на напредното младинско движење. Од 1939 година станала член на СКОЈ и како студент на Филозофскиот факултет во Скопје учествувала во сите акции на напредните студенти, порадн што била затворана, сослушувана и судена. Кон крајот на 1940 година, на Факултетот била примена за член на КПЈ. Со отпочнувањето на вооруженото вocтаниe се вратила во Пеќ, каде активно учествувала во заднината на НОД. Кон крајот на 1941 година станала член нa Месниот Комитет на КПЈ - Пеќ, и одговорна за партиската техника и работата со жените. Во октомври 1942 година при една блокада била затворена. Од затворот во Пеќ, била префрлена во Тиранскиот затвор, Албанија, каде останала до капитулацијата на Италија. По бегството од Тиранскиот затвор се префрлила на територијата во Западна Македонија и станала борец во Првата македонско-косовска ударна бригада, како делегат на вод, потоа заменик политички комесар на чета, заменик политички комесар на бригадата и заменик политички кoмесар на баталјон во Втората македонска ударна бригада се до нејзиното назначување за заменик политички комесар на Првата Косовско-метохискатаударна бригада. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941