Жоан Манзамби (роден на 14 октомври 2005 година, во Женева) — швајцарски фудбалер, играч од средниот ред на и на швајцарската репрезентација.
Биографија Роден е во Женева, од родители со анголско и конгоанско потекло.
Технички карактеристики Динамичен, разнообразен играч од средниот ред со добро чувство за позиционирање. Корисен е во дефанзивната фаза, но и во напаѓачките втрчувања.
Клупска кариера Манзамби ја започнал својата кариера во младинската академија на швајцарскиот клуб, Сервет, каде останал до 17 години. Во 2023 година, тој се приклучил на младинската академија на германскиот клуб од Бундеслигата, Фрајбург. Откако најпрво играл за вториот тим во 3. лига, тој бил промовиран во првиот тим во летото 2024 година.
На 21 август 2024 година, тој го направил своето деби за Фрајбург во поразот од 3–0 на гостински терен од Хајденхајм во Бундеслигата. Тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата со 1–2 на гостински терен над Борусија Менхенгладбах на 12 април 2025 година. Својата прва сезона со првиот тим на Фрајбург ја завршил со 11 настапи и 2 постигнати гола (сите во првенството).
Во сезоната 2025-2026, Манзамби станал редовен стартер во почетната постава на Фрајбург и одиграл многу позитивна сезона. Својот прв гол за сезоната го постигнал во поразот со 6-2 од . На 7 мај 2026 година, тој го постигнал вториот гол за Фрајбург во победата од 3–1 над Брага во реваншот од полуфиналето на Лигата на Европа 2025–2026, помагајќи му на својот клуб да стигне до финалето со победа од вкупен резултат 4–3. Тој го започнал и ги одиграл сите 90 минути во финалето, загубено со 0-3 од . На крајот, тој бил прогласен за Млад играч на сезоната во Лига Европа.
На 17 јули 2026 година, Манзамби потпишал за Астон Вила, во трансфер вреден околу 60 милиони евра.
Репрезентативна кариера Во мај 2025 година, Манзамби за првпат бил повикан во швајцарската сениорска репрезентација. Своето деби го направил на 7 јуни 2025 година, влегувајќи како замена за Дан Ндоје во победата со 4-2 над во пријателски натпревар одигран во Солт Лејк Сити. Три дена подоцна, го постигнал својот прв гол за репрезентацијата во победата со 4-0 во пријателскиот натпревар против одигран во Нешвил.
Во мај 2026 година, тој бил повикан од селекторот Мурат Јакин во составот на Швајцарија за Светското првенство 2026.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 18 јуни 2026. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2024-2025 БЛ 11 2 КГ 0 0 - - - - - - 11 22025-2026 БЛ 27 5 КГ 5 0 ЛЕ 14 2 46 7Вкупно Фрајбург 38 7 5 0 14 2 57 9 2026-2027 ПЛ 2 1 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 0 0 - - - 2 1Вкупно во кариерата 40 8 5 0 14 2 - - 59 10
Титули Поединечни Млад играч на сезоната во УЕФА Лига Европа: 1 2025–2026
Наводи
Надворешни врски
Жоан Манзамби на soccerway Жоан Манзамби на transfermakt Жоан Манзамби на espn Жоан Манзамби на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Швајцарски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Фрајбург Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Родени во 2005 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026