Фридрихавгустова каменоломка () — вид цветно растение од родот каменолимка во семејството на каменоломките (Saxifragaceae).

Опис и распространетост Ова е карактеристично по розетата составена од густи листови. Цветното стебло е високо 10–20 см и целосно покриено со долги, розово-црвени жлездести влакна. Розетата е со пречник 4–8 см, правилна и сплескана. Лисјата во розетата се бројни, правилно наредени, сиво-зелени, приседнати, обратно јајцевидно-копјести или јазиковидни, долги 10–40 мм и широки 4–8 мм, најшироки на врвот, заоблени, тапи со кратко заострен врв, горе рамни со широк проѕирен раб, со ретки влакна во основата и многу хидатоди по рабовите; долната страна има испакната средна жилка. Стеблените листови се помали (10–20 мм), приседнати, заострени на врвот, зелени и голи, но целата површина е покриена со густи црвеникави жлездести влакна. Цветовите се речиси приседнати, со мали прицветници, собрани во гроздесто соцветие налик на клас; понекогаш долните имаат подолги дршки. Цветниот период трае од јануари до март. Чашката е покриена со густи бели или црвенкави жлездести влакна; чашкините ливчиња се пурпурни, долги 4–6 мм, елиптични, надвор голи, а внатре со ретки жлезди. Венечните ливчиња се исправени, пурпурни, помали од чашкините, долги 2 мм и широки 1 мм, копјести, целосни или со неколку ситни запчиња на врвот. Филаментите се црвени, долги колку антерите или двојно подолги, а антерите се жолти. Плодникот е полупотцветен.

Расте на варовнички карпи од низини до планински врвови.

Варијабилност

var. grisebachii (syn. Saxifraga grisebachii) — Гризебахова каменоломка. Венечните ливчиња се двојно подолги од прашниците. Филаментите се долги колку антерите. Се среќава во клисурата на р. Треска; Скопје - Козјак над с. Нова Брезница; Скопска Црна Гора; Караџица; Прилеп - Сивец, с. Дебреште; Македонски Брод; Мариово, Грешница; Кичево - Баба Сач и пл. Лубен со врвот Кафчал; Илинска Планина; клисура на Црн Дрим - с. Луково; Галичица; Дудица; Кожуф - Две Уши и помеѓу селата Конско и Серменин. f. grisebachii — Претходните податоци за распространувањето се однесуваат на неа. f. lindtneri Micevski & Mayer - Се одликува од типичната форма со разгрането соцветие, каде долните цветови имаат многу долги дршки (12–20 мм). Се среќава во клисурата на реката Треска и во долината на реката Оча. var. montenegrina (Hal. & Bald.) - Венечните ливчиња имаат должина еднаква на прашниците. Филаментите се двапати подолги од антерите. Се среќава во Западна Македонија: Бистра; Кораб; Дешат - Крчин; клисура на Мавровска Река; клисура на р. Радика - Косоврасти. Галерија

Наводи

Прајн, Д. (1910q): Saxifraga grisebachii . Југоисточна Европа - Ботаничко списание на Кертис 136, стр. 8308

Надворешни врски

Грчка планинска флора

Категорија:Каменоломка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Албанија Категорија:Флора на Европа