Вулгара () — планина во Егејска Македонија и Тесалија. Практично претставува северозападно продолжение на Олимп.

Опис Вулгара е мала планина во јужниот дел на Катеринско и во северниот дел на Лариско. На исток и североисток е одвоена од Шапка (Титарос) со превојот Палиодервено (1.020 м), каде проаѓа патот Катерина - Еласона, како и долината на Свети Димитрија и река Петриотико. Од Олимп е одвоена со превојот Ставрос или Сурдани (1.220 м) и реката Макрирема. Реките Петриотико и Макрирема се спојуваат во клисурата Петра, а потоа се влеваат во Кара Су.

Карпите на планината се гнајсеви, амфиболити и кристални варовници.

До врвот се стасува од селото Кокинопило (1.160 м) за околу 4 часа. +ВрвовиИмеИмеВисина (м)МестоположбаВулгараΒουλγάρα1.683С од КокинопилоБоларијаΜπολαρία1.184ЈИ од Свети ДимитријаГувесΓούβες1.355И од Свети ДимитријаКардарасΚαρδαράς1.521СЗ од КокинопилоКопанесΚοπάνες1.488Корифи, ЛумалејкаΚορυφή, Λουμαλέϊκα938ЛизадикоΛιζάδικο1.267–1.240Маври КамбанаΜαύρη Καμπάνα1.149МагулаΜαγούλα951СкопијаΣκοπιά1.357СпатесΣπάθες1.268С од КокинопилоТрохалоΤρόχαλο1.530С од КокинопилоТрохалоΤρόχαλο1.081СИ од Свети ДимитријаХљара, ХуљараΧλιαρά (ή Χουλιάρα739СИ од Свети ДимитријаЦикрикаΤσικρικά1.094СИ од Свети ДимитријаЦублекаΤσουμπλέκα1.011З од Кокинопило

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Тесалија Категорија:Катерина (општина) Категорија:Еласона Категорија:Олимп