Мавровуни () — планина во состав на венецот Северен Пинд, на границата меѓу Гребенско во Егејска Македонија и Јанинско во Епир, Грција.
Опис
Орографија Планината е дел од венецот Северен Пинд. На југ се граничи со масивот Зигос, а на исток преку седлото Салатура (1.730 м) со масивот Миља. Долината Валја Калда и потокот Аркуда, притока на Војуша, ја одделува од планината Авго на север. Југозападната и западна граница е долината на Војуша. Мавровуни се протега 12 км, со просечна ширина од 6 км. Сртот е рамнолиниски, со правец северозапад-југоисток.
Карпите се флиш и офиолити.
Планината е дел од Националниот парк „Пинд“ од 1966 г. како и од Националниот парк „Северен Пинд“ од 2003 г. Обрасната е со црни борови и муники. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1310002 и 1310003) и прогласена е за место од орнитолошка важност (068).
Хидрографија Во јужното подножје на Мавровуни е висорамнината Полицес, од која извира Војуша. Од источните падини на планината, над селото Милја извира Венетик, притока на Бистрица.
Северно од врвот Флега се наоѓаат две мали планински езера: Ано и Като Флега, на надморски височини од 1.940 и 1.920 м. На висорамнината Полицес, во 1991 г. е изградено вештачко езеро, која ги зафаќа водите од извориштето на р. Војуша. Се наоѓа на надморска височина од 1.350 м и има површина од . Се користи за наводнување и производство на електрична енергија.
Искачување Во месноста Кокини Вриси (1.850 м) има планинарски дом, сместен околу 1 км јужно од сртот, под врвовите Трија Синора (2.050 м) и Салатура (2.019 м). Изграден е во 2002 г. и има капацитет од 29 легла. Искачувањето од домот до највисокиот врв трае два часа и половина.
Европската патека на долги растојанија E6, која оди од Мечово до Милја, продолжува за Војуша, Бреза, Самарина и Жужел. Од Валја Калда патеката има разгранок кој тргнува кон Периволи, Авдела, одмориштето Василица, Самарина и Жужел. +ВрвовиИмеИмеВисина (м)МестоположбаФлегаΑυτιά Φλέγγα, Φλέγκα2.157АвтијаΑυτιά, Παλιολάπατα2.081АркудаΑρκούδα1.800СуџатаΔίκορφο, Κόντη, Σουτζάτα1.970КазармаΚαζάρμα1.739Капетан КлидиΚαπετάν Κληδή2.036Киргу, КирјакуΚύργου, Κυριακού1.499Коромилја, КрумболијаΚορομηλιά, Κρουμποληά2.000МиљаΜπηλιά, Μπίλια1.956НанаΝανά, Νάνα (месно)—ПевкофитоΠευκόφυτο1.587СалатураΣαλατούρα2.019ТокаΤόκα1.549Трија СинораΤρία Σύνορα2.049Тумба АрванитиΤούμπα Αρβανίτη, Τσούμες Αρβανίτη1.483
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Епир Категорија:Пинд Категорија:Гребен (општина) Категорија:Мечово (општина)