Ф’стак () — род на цветни растенија од семејсвото на руевите (Anacardiaceae). Содржи 10 до 20 видови домородни во Африка и Евроазија, од Канарските Острови, цела Африка и јужна Европа, топли и полупустински краишта на Азија, Северна Америка од Гватемала до Мексико, како и јужен Тексас. Единствен член на овој род природно застапен во Македонија е смрдликата (Pistacia terebinthus).
Опис Растенијата од овој род се грмушки до мали дрва со висина од 5 до 15 м. Листовите се наизменични и пересто сложени, и можат да бидат зимзелени или листопадни зависно од видот. Сите видови се дводомни, иако заблежани се единки на атлантскиот ф’стак со машки и женски цветови на истото дрво. Се смета дека родот е стар околу 80 милиони години.
Растенијата се листопадни и имаат одделни машки и женски единки; една одржлива популација треба да има единки од двата пола.
Најпознат членови на родот се обичниот ф’стак (P. vera), кој се одгледува за неговите семиња како храна; смрдликата (P. terebinthus) од чија смола се прави терпентин; мастиковото дрво (P. lentiscus), чија смола е мастиката; и кинескиот ф’стак (P. chinensis), кој се одгледува како украсно дрво.
Геном на обичниот ф’стак Научниците од Иран и Кина составиле нацрт-геном на ф’стакот и пресеквенционирале 107 цели геноми, вклучувајќи 93 питоми и 14 диви единки на обичниот ф’стак, како и 35 други геноми од разни диви видови на родот ф’стак. Со споредбена геномска анализа на популациите е утврдено дека ф’стакот е припитомен пред 8000 години.Zeng, L., et al. Whole genomes and transcriptomes reveal adaptation and domestication of pistachio. Genome Biol 20, 79 (2019).
Видови Слика Научно име Народно име Распространетост Pistacia aethiopica етиопски ф’стак Етиопија, Јемен, Кенија, Сомалија, Танзанија и УгандаPistacia atlantica атлантски ф’стак Евроазија, од Иранската Висорамнина до Северна Африка Pistacia chinensis кинески ф’стак средна и западна Кина Pistacia cucphuongensis Виетнам Pistacia eurycarpa персиска смрдлика планини Загрос, Ирак Pistacia falcata североисточна тропска Африка, Арапски Полуостров Pistacia khinjuk Египет, Западна Азија и делови од Хималаите Pistacia integerrima зебрино дрво Азија Pistacia lentiscus мастиково дрвоСредоземје Pistacia malayana полуостровска Малезија Pistacia mexicana мексикански ф’стак (вкл. тексашкиот Ф’стак — P. texana Swingle), американски ф’стак Гватемала, Мексико и Тексас Pistacia ×saportae Европа Pistacia terebinthus смрдликаМароко и Португалија до Грција (вкл. Македонија), западна и југоисточна Турција и Левантот (особено Израел и Сирија) Pistacia vera ф’стакСредна Азија и Близок Исток Pistacia weinmannifolia покраината Јунан во Кина
Bursera simaruba (L.) Sarg. порано се класификувала како P. simaruba L.
Екологија Видовите на родот ф’стак се викаријантни руеви со неколку видови вон Стариот Свет, приспособени на недостиг на вода и алкална почва.
Многу видови се прилагодени на пустина или летна суша типична за средоземната клима, па затоа се многу издржливи на солена почва. Добро успеваат кога имаат вода што содржи 0,3-0,4 % растворливи соли. Како издржливи растенија опстануваат на температури од −10 °C зиме до 45 °C лете. Претпочитаат места што гледаат во сонцето и добро исцедена почва, но добро успеваат и на дното од кланци. Иако се издржливи и сушоотпорни, растат бавно и даваат плод 7–10 години по засадувањето, а залосен развој постигнуваат дури по 15–20 години. Плодот узрева во Средоземјето од август; само женските дрва имаат плодови.
Иако некои дрва сакаат умерена влага, не успеваат во услови на голема влага. Подложни се на гниење на корењата, мувла и габи, а ако водата не е исцедена од почвата ги напаѓаат и паразити. Потребен им сушен период во годината за да се развијат правилно. Листовите се кожести и имаат јаркозелена боја, секој со три до девет ливчиња. Ливчињата се наизменични, сложени и парноперести. Цветовите се еднополовни, безвенечни и групирани во гроздови. По боја се движат од виолетови до зелени. Плодот е костелка нејадлива за луѓето со големина на зрно грашок, црвена до кафеава по боја, зависно од зрелоста. Семињата немаат ендосперм. Семињата ги јадат и разнесуваат птици, за кои претставуваат важен извор на храна поради оскудноста во некои периоди од годината како времето за парење, преселба и сушната сезона. Ф’стакот што се одгледува за пазарот има поголеми плодови и е јадлив за човекот.
Растенијата пуштаат гочлив, смолест или лековен мирис, кој кај некои видови е силен и ароматичен. Некои видови имаат израстоци во облик на шикли во листовите и ливчињата откако ќе ги касне инсект. И покрај тоа, ова се успешни и издржливи растенија што успеваат на места каде другите пресушуваат. Се размножуваат со семиња, столони (ползечки фиданки) и коренови изданоци. Разни видови меѓусебно лесно се вкрстуваат, и овие вкрстени растенија тешко се распознаваат.
Некои дрвни видови (на пр. етиопскиот и атлантскиот ф’стак) можат да опстојуваат како мали грмушки поради крајната неповолност на живеалиштето или прекумерно брстење од животни што му попречува на нивниот раст.
Мастиковото дрво (P. lentiscus) е многу често застапено растение сродно на смрдликата (P. terebinthus) со која се вкрстува. Смрдликата е позастапена на планините и во копнените предели на Пиринејскиот Полуостров, а мастиковото дрво почесто се среќава на места каде влијанието на Средоземното Море не допушта замрзнување. Некои видови со многу мала распространетост виреат на еден или група острови во Средоземното Море. Смрдликата во Средоземјето, Сирија, Либан и Израел ја пополнува истата еколошка ниша како тие видови. Во западното Средоземје, Канарските Острови и Блискиот Исток таа може да се помеша со атлантскиот ф’стак.
Разни видови од родот ф’стак се храна за the гасеници на некои видови пеперутки.
Одгледување и употреба Обичниот ф’стак (P. vera) е мало дрво домородно во Иран кое се одгледува за семињата. Семињата на другите видови се јаделе во праисторијата, но тие се премали за да имаат продажно значење денес.
Смрдликата (P. terebinthus), исто така домородна во Иран, Македонија и западното Средоземје се користи за добивање на смола од која се прави терпентин. Поради способноста на смолата да убива бактерии, таа се користела во стариот век за конзерванс за вино. На планините Загрос во Иран, кои се едно од најраните винарски места, археолозите нашле наоди на смола од смрдлика која да тира од 5400 до 5000 г. п.н.е. и тоа во тегли во кои стоел гроздов сок.Rod Phillips, Une courte histoire du vin, 2001
Мастиковото дрво (P. lentiscus) е зимзелена грмушка или мало дрво од Средоземјето, од кое се добива смолата наречена мастика, позната состојка на истоимениот алкохолен пијалак.
Кинескиот ф’стак (P. chinensis) е најиздржлив на мраз од целиот род, и се одгледува како украсно дрво, привлечно заради неговите јаркоцрвени листови наесен.
References
Надворешни врски
Категорија:Руеви Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Дводомни растенија Категорија:Овошни дрва Категорија:Сушоотпорни растенија Категорија:Флора на Македонија