Peperomia enervis е растение од семејството пиперки, Piperaceae кое најчесто може да се најде во дождовните шуми на североисточен Квинсленд во близина на градовите Кернс и Мекеј. Првпат било опишано во 1891 година.
Опис Peperomia enervis е мала сукулентна билка до 30 цм висока. Стеблата првично се исправени, но по некое време ќе легнат и ќе дадат корени од јазлите. Малите листови се долги околу 15 мм долги и 8 мм широки, и се распоредени или во спротивни парови или во спирали од по три. Се наоќаат на дршки од околу 1-4 мм, а секундарната венација е нејасна.
Цветовите се ситни, со големина помала од 1 мм, и се носат на терминални шилци од околу 5 цм. Тие се вдлабнати во оската на соцвеќето и немаат ниту ливчиња ниту чашки. Стигмата се носи косо на јајчникот и има два прашници, по еден од двете страни на јајчникот. Плодот е, во ботаничка смисла, бобинка со околу 1 мм во дијаметар, темно кафеава боја и содржи едно семе.
Фенологија Цветањето се јавува помеѓу јануари и мај, а плодовите зреат од април до јули.
Таксономија Овој вид првпат го опишале ботаничарите Фердинанд фон Милер и Казимир де Кандол во труд насловен како Описи на нови австралиски растенија, со повремени други анотации, а објавен во списанието Викторијан Натуралист во 1891 година.
Етимологија Името на родот Peperomia потекнува од старогрчките зборови piperi „пиперка“ и homós „иста“, што се однесува на неговата блиска врска со родот пиперки Piper. Епитетот на видот enervis значи „без вени“, што се однесува на нејасната венска структура на листовите.
Распространетост и живеалиште Peperomia enervis се наоѓа во две дисјунктни популации во Квинсленд - поголемата е во рамките на Зоната на светското наследство на Влажни тропици во близина на Кернс, а помалата во и околу Националниот парк Еуџела, западно од Мекеј. Расте на стебла од дрвја и карпи покриени со мов во дождовни шуми на голема надморска височина до околу 1,200м.
Зачувување Овој вид е наведен како незагрозен според Законот за заштита на природата на Владата на Квинсленд. , не е оценето од страна на Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП).
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Погледнете мапа на колекциите на хербариуми од овој вид на Австралазискиот виртуелен хербариум Погледнете ги набљудувањата на овој вид на iNaturalist Погледнете слики од овој вид на Flickriver.com
Категорија:Пипери Категорија:Флора на Австралија