Gentiana utriculosa е вид цветно растение кое припаѓа на семејството Gentianaceae. Неговиот матичен опсег се европските планини.

Опис Едногодишно растение, 4–25 цм високо, без стерилни изданоци. Стеблото вертикално, неразгрането или разгрането од основата, со послабо изразени надолжни ребра со базална розета од листови. Базалните листови јајцевидни, или широко елиптични, затапени, 6–10 мм долги, 4–6 мм широки, за време на цветаwето речиси исушени; стеблените листови јајцевидни, јајцевидно-копјести до копјести, 5–10 (13) мм долги, 24 (6) мм широки,со 3–5 жили, затапени или зашилени. Цветовите поединечни или понеколку во врвниот дел на стебленцето или по врвовите на разгранетите делови од стебленцето, со покуси или подолги дршки. Чашката 13–20 мм долга, издолжено-цилиндрична или елиптична, обично подуена; чашкината трубичка со 5 силно изразени надолжни крилца (2–4 мм широки), запците на чашката триаголно-копјести, зашилени, 23 пати покуси од трубичката на чашката. Венчето 17–25 (30) мм долго, сино, петделно со 5 издолжено-елиптични или јајцевидни, во врвниот дел затапени или заострени сегменти, покуси од трубичката на венчето, со куси триаголни израстоци ме|у венечните сегменти. Антерите од прашниците слободни, филаментите тенки, сраснати со трубичката на венчето. Плодникот со добро изразено столпче и 2 проширени жига. Плодот издолжено-копјеста кутијка, речиси приседната. Семките јајцевидни или долгнавести, без крилца, по површината брадавичести.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 40 издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Во Македонија Во Македонија расте по рабови на шуми и ливади во појас на букови шуми, на влажни места, по планински пасишта, меѓу грмушки, од 1350–2500 метри надморска височина. Познат за планината Јакупица, расте на врвот Солунска Глава, на Шар Планина, Попова Шапка, Церипашина, Елак, Лешница, Титов Врв, с. Вејце, Љуботен и Кобилица.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Линцури