Оѓила (српски: Оѓила, Ođila) - српска и поранешна југословенска музичка група. Била основана во 1983 година. Она што го свират генерално се нарекува циганска музика, која е традиционална музика на Ромите од Источна Европа. Зборот оѓила е спој од два збора во ромскиот јазик: „oѓи“ што значи „душа“ и „ѓила“ што значи „песна“. Групата настапува на ромски јазик.
Историја Оѓила била основана во октомври 1983 година од Игор Дуњиќ-Звержановски и Слободан Симоновиќ, кои првпат настапиле како дует. Речиси веднаш им се придружиле Даворка Босниќ и Сања Узелац, а потоа и Борис Николиќ во 1986 година, Андреј Стефановиќ во 1988 година и Никола Диклиќ во 1989 година.
Групата објавила пет албуми. Нивниот трет албум, наречен „Оѓила - филмска музика“, ја содржи музиката од филмовите во кои учествувале - било како музичари или актери. Меѓу овие филмови се Темната страна на сонцето - со Бред Пит во една од првите главни улоги во неговата кариера, Втор човек, Осми ден во неделата (Даворка Босниќ ја игра главната улога). Уечествувале и во театарската претстава Летаме, ќе се сретнеме во режија на Стево Жигон, и како актери и пејачи.
Оѓила уживале популарност во поранешна Југославија, и настапувале низ целата земја. Тие ја претставувале Југославија на „Светскиот фестивал на циганска музика“ во Лондон во 1988 година.
Во 1990 година, некои членови ја напуштиле групата, со почетокот на Југословенските војни. Дуњиќ-Звержановски заминал во Холандија, додека Узелац, Симоновиќ, Николиќ и Стефановиќ формирале нова група наречена Романо 4, продолжувајќи да свират ромска музика од Источна Европа, како и своја музика.
Во 1991 година Оѓила продолжила да работи. Во 1994 година го објавиле студискиот албум со наслов Циганска фантазија чиј автор и продуцент бил Никола Диклиќ.
Во 1995 година, Даша и Никола се преселиле во Рим, Италија, и со меѓународна постава, Оѓила успешно настапувала на фестивали, концертни сали и ТВ емисии.
Во мај 2003 година, бендот објавил друг албум наречен Оѓила во Холандија, кој бил објавен во Холандија. Во албумот учествувале сите членови на Оѓила освен Босниќ, кој бил заменет со Гордана Свиларевиќ. Odjila official website
Музички стил Членовите на групата Оѓила го дефинираат нивниот стил како циганска музика, заснована врз традицијата на театарот Ромен од Москва и музиката на легендарните југословенски и странски филмови кои се занимаваат со Ромите, како што е Циганите летаат на небо. На меѓународните фестивали често погрешно биле најавувани како ромски бенд од Москва.
Наводи
Надворешни врски
Никола Диклиќ - Еутопија2017
Категорија:Музички групи основани во 2007 година Категорија:Музички групи основани во 1983 година Категорија:Југословенски музички групи Категорија:Српски музички групи Категорија:Ромски музичари Категорија:Музички групи основани во 2003 година