Сретен Мирковиќ ( - година) — српски боксер. Тој бил сметан за „легенда на српскиот бокс“.
Кариера Во 1979 година, како член на Спортското друштво Млади Радник од Пожаревац, Мирковиќ го освоил сребрениот медал на Европското аматерско првенство во бокс.
Мирковиќ бил тренер во боксерскиот клуб Костолац и на боксерскиот клуб Млади Радник од Пожаревац.
Смрт Мирковиќ починал на 28 септември 2016 година по долга борба со ракот на белите дробови. Погребан е на Пожаревачките стари гробишта.
Наводи
Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Родени во 1958 година Категорија:Српски Роми Категорија:Српски боксери Категорија:Југословенски Роми Категорија:Југословенски боксери