мини|300x300пкс| Изглед на продавница за оружје во Харперс Фери Армори од 1850-ти години (фотографија од околу 2015 година) Пушкарски занает – поправка, модифицирање, дизајнирање или конструирање на пушки и пиштоли. За модификација и менување на огнено оружје може да биде потребно многу високо ниво на изработка, односно вештини на машинер од највисоко ниво, многу вешт дрводелец, па дури и инженер. Човекот кој се занимава со овој занает може да направи измени за да ги приспособи спортските пиштоли за подобро да одговараат на индивидуалниот стрелец, поради што врши големи модификации на деловите од огненото оружје. Исто така може да се обноват металните завршетоци или да се изработат украсни резби или гравури на пиштоли. Многу продавници за оружје ја нудат услугата за производство на оружје во сопствените просториите. десно|мини| Продавница за оружје, Белгија
Преглед За да се занимава со овој занает, човекот мора да поседува вештини, односно да има познавања од металообработка, да биде ковач, дрводелец и занаетчија; да има познавања од математика, балистика, хемија и инженерство на материјали; да има познавања за употреба и примена на различни рачни, електрични и машински алати и мерни уреди. Оние кои работат во мали оружарници мора да имаат вештини како мали бизнис оператори; да работат ефикасно со различни клиенти; и да бидат во тек со законите.
Занаетот во Македонија мини|239x239пкс|Пушка кременка со дршка украсена со седеф, 18-19 век - Музеј на Старата скопска чаршија Според истражувањата на д-р Ѓурѓица Петровиќ, оружарските занаети во Скопје континуирано постоеле повеќе векови: првиот познат податок за постоење на оружарскиот занает во Скопје датира од 1445 година и се споменува вакувот на Киро лукарот.Глиша Елезовиќ: Турски документи, кн. 1, св 1, Белград, 1940, стр. 17
Најпознат пушкар во 19 век во Скопје бил Хаџи Мехмед Река, роден 1800 година, кој живеел 110 години. Тој бил единствениот пушкар што изработувал оружје во својот дом, и бил трговец на оружје.
Јован Хаџи-Васиљевиќ пишал дека во Скопје кон крајот на 19 век имало 30 пушкарски дуќани, а Васил К’нчов навел бројка од 40 пушкарски дуќани во 1898 година. Денес не се зачувани автентични дуќани и работилници на оружје од тоа време.
Поврзано Оружарски занает
Наводи
Категорија:Занаети Категорија:Огнено оружје