Емил Абаз (р. 17 јануари 1998, Скопје) — македонски професионален фудбалер кој има белгиско државјанство.
Кариера Роден е во Скопје, а дебитирал за Биршот пред да се приклучи на белгискиот Андерлехт во 2013 година.Emil Abaz has signed for Dinamo Zagreb by Ramuš Muarem, at romatimes.news, 6-9-20166, retrieved 12-3-2017 За Андерлехт играл во полуфиналето на УЕФА за младинската лига во 2015-16 против Челзи.Emil Abaz at UEFA.com
Во летото 2016 година потпил договор со хрватскиот клуб Динамо од Загреб. Абаз играл за Динамо во младинската лига на УЕФА 2016-17 и за Динамо Загреб II во хрватската Втора лига 2016–17. Во јануари 2017 година во текот на зимската пауза, го напуштил загребачкиот Динамо и потпишал договор со српскиот клуб ФК Спартак Суботица. Iz zagrebačkog Dinama u Superligu Srbije at sportskacentrala.com, 25-1-2017, retrieved 12-3-2017 Во српската Суперлига дебитирал во сезоната 2016/17 со 26 коло одиграно на 12 март 2017 година на гостувањето на ФК Рад во пораз од 3–0.Rad vs Spartak ŽK match report at superliga.rs На почетокот на 2018 година Абаз договорно го раскинал договорот со Спартак, и го напуштил клубот како слободен играч.
Како Ром, роден во Скопје, на почетокот ја претставувал Белгија, во која што живеел, играјќи за белгиската репрезентација до својата 16-та година. После тоа настапувал за македонската репрезентација до 17 и 19 година. На 24 март 2017 година дебитирал за репрезентацијата на Северна Македонија до 21 година во 2018 година кога влегол во игра во 69 минута наместо Петар Петковски, на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Црна Гора до 21 година, а неговиот тим славел со резултат 2–0.
Наводи
Надворешни врски Емил Абаз на soccerway.com
Категорија:Фудбалери на ФК Андерлехт Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Спортисти од Скопје Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Роми во Северна Македонија