Ката Ѓорѓиевска (во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во НОД од август 1942 година. Пренесувала пошта од Кичево до селото Кленоец. Подоцна била ползувана и за пренесување илегален материјал (брошури, билтени и др.) кој бил печатен од Месниот Комитет на КПМ - Кичево. Во нејзиниот дом биле одржувани илегални состаноци. Така, МК КПМ на Кичево и партиската организација во Кленоец, во март-април 1943 година се состанале кај неа за разгледување на можностите за формирање на Кичевски партизански одред. Heјзиниот дом бил магацин за оружје, муниција и храна за потребите на идниот партизански одред и оттука се носеле во базата на Лопушник. Таа исто така била активна во организирањето на жените од селото Извор.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ