Малинка Ѓоревска ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Од 1942 година подготвувала храна и пружала сигурно засолниште на партизанските курири и куририте на V Областен Комитет на КПМ. Од декември 1943 година до март 1944 година додека V ОК КПМ бил сместен во базата „Кременчук“ таа со Веца Ѓоревска останала во селото и ги одржувала врските со V ОК КПМ и ја снабдувала базата со прехранбени артикли. Во јуни 1944 година преку врска кај неа претстојувале 15 борци - Косовари кои од Караорман се префрлувале за Космет. Во истото време нејзиниот дом бил опколен од балистите, нејзиниот сопруr бил фатен и стрелан, а таа со децата била спроведена во селото Маврово. По палењето на Маврово поминала да живее во Гостивар. Поврзано Веца Ѓоревска Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ