Пописот претставува сметководствена постапка со која претпријатието ја утврдува стварната состојба на неговите средства и обврски. Пописот ги опфаќа недвижностите, постројките, опремата, резервите (залихите), нематеријалните средства (патентите и лиценците), паричните средства и сите други тековни средства со одделно наведување на вредноста на секој поединечен дел од имотот.„Меѓународен сметководствен стандард 2 — залихи“, Сметководство, ревизија и финансии плус, број 4/2024, стр. 23.

Опис Претпријатијата имаат законска обврска да прават попис на средствата и на обврските најмалку еднаш годишно при што тие се должни сметководствената состојба да ја усогласат со фактичката состојба утврдена со пописот на 31 декември за тековната година. Почетокот и завршетокот на пописот не се регулираат со закон, туку тоа го уредува секое претпријатие со своите внатрешни прописи. За таа цел, органот на управување со претпријатието носи одлука за попис. Извршувањето на пописот во Македонија се врши врз основа на следниве прописи: Правилникот за начинот на вршење на попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот (Службен весник на РМ, 107/11) и Законот за трговски друштва (Службен весник на РМ, 28/04... 192/15, 61/16, 64/18, 120/18, 290/20, 215/21 и 99/22). Пописот е задолжителен за сите правни лица кои имаат статус на трговци, вклучително и трговците-поединци. За спроведување на пописот, претпријатието формира пописни комисии кои се должни да го завршат годишниот попис најдоцна до 31 декември, со одредени исклучоци (пописот на парите во благајната и на трансакцискиет сметки, како и пописот на побарувањата и на обврските). За координација на пописот, претпријатието може да формира и централна пописна комисија. По завршувањето на пописот, пописната комисија изготвува и доставува извештај за пописот во кои се наведуваат сите факти утврдени со пописот, причините за отстапувањето меѓу сметководствената и фактичката состојба и предлози за отстранување на кусоците или вишоците. Извештајот за пописот се доставува до управниот одбор или до друг надлежен орган на управување во претпријатието. Пописните листи и извештаите за пописот се чуваат најмалку пет годиниПописот се спроведува на сопствените средства, на туѓите средства (средства земени на лизинг, туѓа стока во обработка, стоки во комисион, хартии од вредност вон промет итн.) и побарувањата и обврските. Податоците од пописот се стваат во пописни листи кои ги прикажуваат физичките (материјалните) и паричните вредности. Пописот се врши на повеќе начини:„Меѓународен сметководствен стандард 2 — залихи“, Сметководство, ревизија и финансии плус, број 4/2024, стр. 23-41. попис на одреден ден, кој започнува и завршува во ист ден, а со него се утврдува фактичката состојба на залихите, материјалните средства, недвижностите, ситниот инвентар, паричните средства и слично. постојан попис, кој претставува постојано следење на промените (зголемувањето и намалувањето) на средствата и на обврските во текот на пресметковниот период. попис со додавање и одземање, кој се применува само кога фактичката состојба на средствата и обврските не може да објективно да се утврди со претходните методи. попис врз основа на примерок, според кој, вредноста на предметот на пописот се утврдува со процена на вредноста на репрезентативен примерок.

Утврдувањето на фактичката состојба во текот на пописот се спроведува со неколку методи:„Меѓународен сметководствен стандард 2 — залихи“, Сметководство, ревизија и финансии плус, број 4/2024, стр. 43. мерење на должината или тежината, броење на количеството и други постапки за утврдување на фактичката состојба на предметите кои се изразени во мерните единици, како што се: парче, килограм, литар, кубен метар итн. пренос на податоци за состојбата на средствата и обврските од надворешна документација, како што се: изводи од банката, писмени потврди за побарувањата и обврските доставени од купувачите и продавачите, изводи од катастарот итн. процена на физичката состојба на средствата кои не можат да се измерат, како: процена на количеството камен или песок, процена на рибниот фонд во рибниците, процена на шумите, процена на рудата итн. процена на вредноста на средствата и обврските кои во финансиските извештаи не се вреднуваат споре дисторискиот трошок процена на износот на расходите, како: резервирањата, обврските за данок на добивка итн.

Наводи

Категорија:Сметководство