Диего Александар Гомес Амариља (роден на 27 март 2003, во Сан Хуан Баутиста) — парагвајски фудбалер, играч од средниот ред на Брајтон енд Хоув Албион и на парагвајската репрезентација.

Клупска кариера Својата кариера ја започнал во екипата на во татковината, за која дебитирал на 4 мај 2022, во натпревар од Копа Либертадорес против венецуелскиот претставник ФК Каракас. Набргу потоа, тој дебитирал и во парагвајското првенство, во дербито против Клуб Олимпија, кое сепак не го доиграл до крај затоа што добил црвен картон. И покрај тоа, тој брзо успеал да се наметне во тимот и да стане стартер во средниот ред на Либертад. Во август 2022, тој ги постигнал своите први голови во сениорската лига, постигнувајќи два во победата со 3-1 над 12 де Октубре.

На 20 јули 2023 година, Гомес потпишал за клубот од МЛС лигата, Интер Мајами. Дебитирал за новиот клуб на 3 август 2023, во победата со 3-1 над Орландо Сити во Купот на лигите. Во истото натпреварување забележал пет настапи, придонесувајќи за освојувањето на титулата со победата над Нешвил во финалето по изведување на пенали, при што и тој бил еден од прецизните изведувачи за својата екипа. Своето деби во МЛС го направил на 27 август, во победата со 2-0 на гостувањето кај Њујорк Ред Булс, натпревар во кој го постигнал својот прв гол во дресот на Интер Мајами.

На 10 декември 2024 година, Гомес се согласил да му се приклучи на англискиот клуб Брајтон енд Хоув Албион на 1 јануари 2025 година, во трансфер вреден околу 14 милиони фунти. Тој го направил своето деби на 19 јануари 2025 година, во победата со 3-1 над Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Репрезентативна кариера Гомес бил во составот на парагвајската репрезентација под 20 години на Јужноамериканските игри 2023, на кои го освоиле златниот медал, совладувајќи го Еквадор во финалето со 1-0.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 31 август 2022, на возраст од 19 години, во пријателски натпревар против во Атланта.

Во јули 2024, бил повикан во олимписката репрезентација на Парагвај за Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Титули Клупски Либертад Примера Дивисион : 2 Апертура 2022, Апертура 2023

Интер Мајами Куп на лигите : 1 2023

Репрезентативни Парагвај У20 Јужноамерикански игри : 1 2022

Наводи

Надворешни врски

Диего Гомес на soccerway Диего Гомес на transfermakt Диего Гомес на espn Диего Гомес на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Клуб Либертад Категорија:Фудбалери на ФК Интер Мајами Категорија:Парагвајски фудбалери Категорија:Родени во 2003 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026