мини|десно|300п|Тектонска карта на јужна Европа и Блискиот Исток. Прикажани се тектонските структури на западниот Алпско-хималајски појас.
Алпска орогенеза — орогенетска фаза во доцниот мезозоикMoores, E.M., Fairbridge, R.W. (уред.), 1998: Encyclopedia of European and Asian Regional Geology. Encyclopedia of Earth Sciences Series, London, 825 pp. и тековниот кенозоик која ги образувала планинските венци на Алпско-хималајскиот појас.
Причинител на алпската орогенеза За оваа орогенеза е одговорен судирот на континентите Африка, Арабија и Индија, како и малата Кимериска Плоча (од југ) со Евроазија на север. Приближувачките движења помеѓу тектонските плочи (Африканската, Арапската и Индиската од југ, Евроазиската и Анадолската од север, како и мноштво мали плочи и микроплочи) веќе започнала во ранате креда, но главните фази на горообразба се одвивале од палеоценот до еоценот. Процесот трае и денес во некои венци.
Алпската орогенеза се смета за една од трите главни орогенетски фази на Европа кои ја одликуваат геологијата на континентот. Другите две се каледонската орогенеза која го создала Стариот Црвенопесочнички Континент кога се судриле континентите Балтика и Лаврентија во раниот палеозоик и херцинската (или вариска) орогенеза која ја образувала Пангеја кога Гондвана и Стариот Црвенопесочнички Континент се судриле во средниот до доцен палеозоик.
Планински венци Оваа орогенеза ги опфаќа (од запад кон исток) венците Атлас, Риф, Бетските Планини, Кантабриските Планини, Пиринеите, Алпите, Апенините, Динаридите, Проклетие (Албаниди), Пинд (Хелениди), Карпатите, Балканидите (Стара Планина и Рилско-родопскиот Масив), Понтските Планини, Таур, Антитаур, Ерменската Висорамнина, Кавкаските Планини, Алборз, Загрос, Хаџар, Хиндукуш, Памир, Каракорум и Хималаите.
Создавањето на одделните венци понекогаш има свои имиња: на пр. карпатска орогенеза за Карпатите, хеленска орогенеза за Пинд, алтајска орогенеза за Алтајските Планини или хималајска орогенеза за Хималаите.
Алпската орогенеза и подалечните планини Алпската орогенеза довела и до настанокот на подалечни и помали геолошки образби како антиклиналата Вилд-Артоа во јужна Англија и северна Франција, чии остатоци можат да се видат во кредните гребени Норт и Саут Даунс на југот на Англија. Нејзиното дејство е делумно забележливо на Островот Вајт, каде Кредната Група и натпостевените еоценски слоеви се набрани речиси до вертикала, како што може да се види во заливите Алум и Вајтклид, иа на дорсетскиот брег кај заливчето Лалворт. Напонот предизвикан од алпската орогенеза го причинил кенозојското издигање на венецот Судети а можеби и раседнувањето на карпи дури до Еланд во јужна Шведска во палеоценот.
Поврзано Алпско-хималајски појас Раседен блок
Наводи
Надворешни врски
Алпска орогенеза, Голема руска енциклопедија Алпска орогенеза, Енциклопедија Британика
Категорија:Орогенеза Категорија:Геологија на Алпите Категорија:Геологија на Европа Категорија:Геологија на Азија Категорија:Геологија на Африка Категорија:Мезозоик Категорија:Кенозоик