Пато Келесице е активист за климатска правда од Габороне, Боцвана. Пато е исто така основачка на Sustain267, непрофитна иницијатива која поттикнува решенија за климатска промени низ Африка, таа служела како проектен офицер и сега служи како водач за одржливост во Јужноафриканската мрежа за климатска акција.
Биографија Пато ее родена во Канје, Боцвана. Таа има диплома по сметководство и финансии, а исто така е кандидат за магистер во развојни студии на Универзитетот во Боцвана. Пато е делегат на Владата на Боцвана на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени. Во 2019 година, Пато била прогласена за една од „африканските лидери под 40 години за отпорност на климатските промени“ од Вилтон Парк, извршна агенција на Министерството за надворешни работи на Обединето Кралство. Таа служела како координатор на Resilient40,Страница на Resilient40 која е мрежа од над 60 млади луѓе во 29 африкански земји. Пато е член на Светскиот економски форум.
Активизам Искуството на Пато во застапувањето на климтаските проблеми вклучува организирање на младински ангажман и ангажман во заедницата, координација на проекти како и документација. Како феминистка, таа се залагала за користење на африканските феминистички принципи во справувањето со климатските промени. Таа била африканска претставничка, како еден од глобалните младински лидери на самитот на ОН обраќајки до светските лидери за климатските промени како глобален приоритет. Таа служи како советник за Фондот за итна акција-Африка.
Наводи
Категорија:Климатски дејци Категорија:Живи луѓе