Свети Атанасиј () — црква во селото Дуско, Гребенско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гребенската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е сместена во североисточниот дел на селото. Според натписот над горниот праг на влезот, таа е подигната во 1865 г. од мајстори од Керасово и месните жители. Градбата претставува голема камена трикорабна базилика со припрата и отворен трем со сводови од јужната страна. Покривот првично бил од камени плочи.

Во храмот се зачувани многу икони на мајстори на Самаринската школа. Две икони од 1867 г. — на Исус Христос, потпишана „διά χειρός Μιχαήλ και Ιωάννου Αντωνίου σαμαριναίων“ и една друга икона се дела на мајсторите Јован Антониу и Михаил од Самарина.

Во 1987 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Поврзано

Гребенска епархија

Наводи

Категорија:Цркви во Гребен (општина) Категорија:Цркви во Гребенската епархија Категорија:Дела на Самаринската школа