Успение на Пресвета Богородица или Света Богородица () — црква во селото Црнешево, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробиштен храм, сместен во Горното Маало на Црнешево. Изградена е во 1810-1811 г.
Градбата е трикорабна базилика со дрвен покрив, типична за своето време. Во апсидата има вредни фрески од XIX век. Наосот не е живописан.
Храмот има оригинална кулоовидна камнена камбанарија сместен западно од него.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Надворешни врски
Богородица, Црнешево Богородица, Црнешево