Свети Спиридон () — средновековна црква во градот Родос на истоимениот остров во Додеканезите, Грција. Влегува во состав на Родоската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот е подигнат во XIII век врз темелите на постара градба од хеленистичко време, но го добил својот денешен облик во XVI век. Со османлиското заземање на Родос во 1522 г. храмот бил претворен во џамија. Црквата останала џамија во текот на целото османлиско владеење под името Кавакли-џамија (Тополова џамија). По потпаѓањето на Родос под грчка власт во 1947 г. храмот бил вратен како црква.

Градбата има средиштен кораб со купола. Во турско време било доградено минаре, кое сѐ уште е зачувано. Во внатрешноста на црквата се зачувани забележителни фрески од првата половина на XVI век на Богородица и Св. Јован Крстител. Исто така е зачувана фреската на која се претставени ктиторите Андреас и Георгиос. Нивните гробови се сместени до северниот ѕид на црквата.

Поврзано

Родоска епархија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Цркви во Родос Категорија:Цркви во Родоската епархија Категорија:Градби претворени во џамии Категорија:Градби претворени во цркви