Добра (, до 1927 година Δοβρά или Ντοβρά, Довра) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бер на округот Иматија, Грција. Традиционално било населено со Македонци.

Географија Добра била разположена на 3 км северно од општинскиот центар Бер, во југоисточните падини на планината Каракамен. Крај селото е Добренскиот манастир.

Историја Селото е уништено во 1822 г. при задушувањето на Негушкото востание. Обновено е во 1928 г. кога таму се доведени грчки колонисти. Во 1926 г. е преименувано во Кали Панагија, што е грчки превод на името на манастирот „Богородица Добра“ по кој е наречено селото. Поради лошите услови речиси целото село било напуштено. По Граѓанската војна (1946–1949) селото повторно е обновено како сиропиталиште за бездомни деца. По затворањето на сиропиталиштето Добра е избришана од евиденцијата на населени места.

Население

Личности Анастас Караташо (1764 – 1830) — револуционер

Наводи

Категорија:Историски села во Бер