Нова пинакотека () — уметничка галерија во Минхен, отворена во 1981 година, во која се изложени околу 400 слики и 50 скулптури од 18 и 19 век. Нова пинакотека се наоѓа спроти Старата пинакотека, каде што може да се видат дела на уметници од средниот век до крајот на 18 век. Третиот музеј Пинакотека на современата уметност ја комплетира уметничката област на Минхен, со дела на уметници од 20 и 21 век. лево|мини| Новата зграда Нова пинакотека, изградена од 1975 – 1981 година

Историја лево|мини| Старата зграда на Новата пинакотека во 1854 година. Музејот го основал поранешниот баварски крал, Лудвиг I, во 1853 година. Првичнатаа зграда Нова пинакотека била изградена во 1846 година според проектот на Август фон Воит, но бил уништена во англоамериканското бомбардирање на градот во 1944 година.

Новата зграда ја проектирал Александер Фрајхер фон Бранка во постмодерен стил со бетонска конструкција и камена фасада, лачни прозорци, еркери и големи скали, а била завршена дури во 1981 година. лево|мини| Новото крило на Новата пинакотека од 2009 година.

Збирка мини|250x250пкс| Галерија на Новата пинакотека, отворена во 2009 година. Збирката уште во 1809 година ја започнал Лудвиг I Баварски, одвојувајќи ја од збирката на стари мајстори, што ја сместил во Старата пинакотека. Така е создаден еден од првите „музеи на модерната уметност“, сосредоточен на уметноста создадена на преминот од 18 во 19 век, кој ќе стане модел за многу други музеи во Европа.

Покрај Лудвиговата збирка на романтичарски слики на Лудвиг, грчки предели и дела од минхенската школа, од 1905 година управникот Хуго фон Чуди купил важни дела од импресионизмот и постимпресионизмот.

Во 1915 година Новата пинакотека станала сопственост на Баварија, која ја проширила збирката со дела од неокласицизмот до арт-нуво. Автопортретот на Ван Гог во 1938 година бил означен како „изопачена уметност“ а нацистите ја конфискувале и ја продале една година подоцна.

Денес, Новата пинакотека има околу 3.000 дела. Во музејот се изложени делата на познати уметници како што се: Франциско Гоја, Жак-Луј Давид, Томас Гејнсборо, Бертел Торвалдсен, Вилијам Тарнер, Каспар Давид Фридрих, Ежен Делакроа, Макс Либерман, Пјер-Огист Реноар, Едуар Мане, Клод Моне, Пол Сезан, Пол Гоген, Камиј Писаро, Едгар Дега, Алфред Сисли, Жорж-Пјер Сера, Винсент ван Гог и Едвард Мунк.

Обнова Од јануари 2019 Новата пинакотека била затворена заради реновирање. Првично, било планирано музејот да биде затворено најмалку до 2025 година. Во јануари 2022 година овој рок е продолжен до 2029 година.

Хронолошка галерија на избрани дела

Наводи

Надворешни врски

Official website (in English) (depending on your needs, former version, archived March 29, 2016, may be more useful) website (in German) Article about the Neue Pinakothek Lionel Gossman. “Making of a Romantic Icon: The Religious Context of Friedrich Overbeck’s ‘Italia und Germania.’” American Philosophical Society, 2007. .

Категорија:Знаменитости во Минхен Категорија:Ликовни музеи и галерии Категорија:Минхен Категорија:Музеи во Германија Категорија:Појавено во 1853 година