Горна Лужица (, Ано Трипотамос; до 1927 г. Άνω Λουζίτσα, Ано Лузица) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бер на округот Иматија, Грција
Географија Селото се наоѓа на 4 км јужно од градот Бер, на десниот брег на реката Трипотамос, на патот Бер-Кожани, спроти Долна Лужица.
Историја Селото е уништено во 1822 г. при задушувањето на Негушкото востаие. Обновено е по Првата светска војна. Во 1926 г. станало дел од новооснованата општина Топљани. Во 1927 г. селото е преименувано во Ано Трипотамос, но истото не фигурира на пописот од 1928 г. и следните пописи бидејќи станало Горно Маало на Долна Лужица.
Од Горна Лужица останала црквата „Св. Никола“.
Наводи
Категорија:Историски села во Бер