Елес или Лисе (, Охиро; до 1927 г. Λύσε, Λίσε, Лисе) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-христијани и Македонци муслимани. Второспоменатите во изворите погрешно се водат како „Турци“.
Географија Селото се наоѓа на 7 км јжно од Зрново, во средиштето на Елеската Котлина и во подножјето на ридот Коџатепе. Кај него е понорот Елески Дупки (Понорје).
Историја Во Отоманското Царство ляво|мини|Поглед кон ридот Коџатепе и Елес На почетокот на османлискиот период во Елес дошле муслимански доселеници, кои ги преобратиле македонските мештани, но се претопиле во нив. Од регистар од XVIII век се гледа дека во селото живееле само муслимански семејства, а од нив 18 мажи били сеиди (потомци на Мухамед од внукот Хусеин), а 5 жени шерифе (потомци на Мухамед од внукот Хасан). Според османистот Евгениј Радушев во подоцнежен период во селото се доселиле Македонци-христијани.
Во XIX век Елес било мешано село во Неврокопската Каза на Серскиот Санџак. Во 1848 г. рускиот славис Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Елес како „турско“ село. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Лисе како село со 35 македонски и 80 турски куќи.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лисе (Lissé) било село со 115 домаќинства и 140 жители Македонци и 180 муслимани.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Съгласно статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Елис (Лисе) имал 1.010 лица, од кои 280 Македонци-христијани и 730 Турци.
Христијанското население било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Елес имало 336 Македонци егзархисти. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 9 ученици.
Во извештај до митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. пишува за Елес:
Во Грција мини|Утврдувањето „Лисе“ За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 1.409 жители. Во 1918 г. во селото имало 80 македонски христијански семејства од вкупно 300 (останатите биле Македонци муслимани). Тие се иселиле следната 1919 г. во Пиринска Македонија, во Неврокоп и околината. Од селото официјално се иселиле 73 лица. Во 1923 г. Македонците муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти.
Во 1928 г. Елес е заведено како наполно дојденско село со 829 грчки доселеници (211 семејства). Според Тодор Симовски во селото останале извесен број Македонци, но Грците биле апсолутно мнозинство.
Во 1940-тите бројот на населението драстично се намалил како последица од Втората светска и Граѓанската војна.
Населението се занимава со одгледување на тутун, жито и други земјоделски производи, како и со сточарство.
+ Месности во Елес преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Сиври Тепе Σιβρί Λόφος Агиос Павлос Άγιος Παύλος врв на Штудер на Ј од Елес (1.768,5 м) Мангур Μαγκούρ Λόφος Равди Ραβδί врв на Штудер на Ј од Елес (1.445 м) Арнаут Мандралар Άρναούτ Μαντραλάρ Андерисма Теодориди Άντέρισμα Θεοδωρίδη врв на Штудер на ЈИ од Елес Бостанлук Μποστανούκ Пепонотопос Πεπονότοπος шума на Штудер на ЈИ од Елес Чам Τσάμι Певкотопос Πευκότοπος Алан Чаир Άλάν Τσαΐρ Ксефотон Ξέφωτον блато на ЈЗ од Елес Елмалак Ελμαλίκ Милиес Μηλιές месност и врв на Штудер (898 м) на ЈЗ од Елес Али Кехаја Άλή Κεχαγιά Елевтеријади Έλευθεριάδη шума на Штудер на ЈИ од Елес Суленџе Σουλέντζε Вуркорема Βουρκόρρεμα река на С от Елес Арматлук Άρματλούκ Ахладиес Άχλαδιές месност на СЗ от Елес
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Димитриј“ Утврдување „Лисе“ од Втората светска војна, дел од линијата „Метаксас“ Елески Дупки — понорни пештери југозападно од селото
Личности Димитар Челебиев – Кенди Гелен или Кендигелен — револуционер на ВМОРО, делегат на II Драмски околиски конгрес во 1907 г.
Наводи
Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија)