Едит Кларк (10 февруари 1883 – 29 октомври 1959) била американски електроинженер. Таа била првата жена која професионално се вработила како електроинженер во САД, и првата жена професорка по електротехника во земјата. Кларк била првата жена што доставила труд во Американскиот институт за електроинженери; првата жена-инженер чија професионална положба била препознаена од Тау Бета Пи (најстарото инженерско почесно друштво и второто најстаро почесно колеџ друштво во САД) и првата жена именувана како член на Американскиот институт за електроинженери. Специјализирала за анализа на електроенергетскиоти системи и напишала „Анализа на кола на системи за наизменична струја“.

Ран живот и образование Една од девет деца, Едит Кларк била родена на 10 февруари 1883 година во округот Хауард, Мериленд, од родители Џон Риџели Кларк-адвокат и Сузан Дорси Овингс. Откако останала сирак на 12-годишна возраст, била одгледана од постара сестра. Кларк го искористила своето наследство за да студира математика и астрономија на колеџот Васар, каде што дипломирала во 1908 година.

По колеџот, Кларк предавала математика и физика во приватно училиште во Сан Франциско и на колеџот Маршал. Таа потоа поминала извесно време студирајќи градежно инженерство на Универзитетот во Висконсин-Медисон, но заминала за да стане „компјутер“ во AT&T во 1912 година. Таа пресметувала за Џорџ Кембел, кој применил математички методи за проблемите на електричните преноси на долги растојанија. Додека била во AT&T, студирала електротехника на Универзитетот Колумбија ноќе.

Во 1918 година, Кларк се запишала на Технолошкиот институт во Масачусетс, а следната година станала првата жена што добила магистерска диплома по електротехника од МИТ. Нејзината теза на MИТ ја надгледувал Артур Е. Кенели.

Професионална кариера Не можејќи да најде работа како инженер, Кларк отишла да работи за Џенерал Електрик како супервизор на компјутери во Одделот за турбинско инженерство. Во тоа време, го измислила калкулаторот Кларк, ран графички калкулатор, едноставен графички уред кој решавал равенки кои вклучуваат електрична струја, напон и импеданса во далноводи за електрична енергија. Уредот можел да решава линиски равенки кои вклучуваат хиперболични функции десет пати побрзо од претходните методи. Таа поднела патент за калкулаторот во 1921 година и тој бил одобрен во 1925 година.<ref name="anb"

Во 1921 година, Кларк зела отсуство од ЏЕ за да предава физика на Роберт колеџ во Турција затоа што не ѝ било дозволено да работи електротехничка работа, каде не заработувала иста плата и имала понизок професионален статус како мажите кои ја вршат истата работа. Следната година, кога се вратила од Турција, ѝ била понудена работа од ЏЕ како платен електроинженер во Централната станица за инженерство при што станала првата професионална жена електроинженер во САД. Кларк се повлекла од Џенерал Електрик во 1945 година.

Нејзиното образование по математиката ѝ помогнало да постигне слава во својата област. На 8 февруари 1926 година, како првата жена што доставила труд на годишниот состанок на Американскиот институт за електроинженери (AIEE), таа покажала употреба на хиперболични функции за пресметување на максималната моќност што далноводот може да ја носи без нестабилност. Трудот бил важен затоа што далноводите станувале подолги, што довело до поголеми оптоварувања и повеќе шанси за нестабилност на системот, а трудот на Кларк обезбедил модел кој се применувал на големи системи. Два од нејзините подоцнежни трудови освоиле награди од AIEE: наградата за најдобар регионален труд во 1932 година и наградата за најдобар национален труд во 1941 година.

Исто така Кларк работела на дизајнирање и изградба на хидроелектрични брани на западот на САД, вклучително и браната Хувер, придонесувајќи со нејзината стручност во областа на електричната енергија за развој и инсталирање на турбините кои генерираат хидроенергија таму до денес.

Во 1943 година, Кларк напишала влијателен учебник во областа на енергетскиот инженеринг, Анализа на кола на наизменичните енергетски системи, врз основа на нејзините белешки за предавањата на инженерите на ЏЕ. Овој учебник во два тома учи за нејзината адаптација на системот на симетрични компоненти, за кој се заинтересирала додека работела по втор пат во ЏЕ. Овој систем е математичко средство за инженерите да ги проучуваат и решаваат проблемите на загубите на електроенергетскиот систем и перформансите на електричната опрема. Кларк го усвоила овој систем на трифазни компоненти кои се основата на електричната мрежа во САД. Овој учебник долги години се користел како основа за образование на електроинженерите.

Во 1947 година, се приклучила на факултетот на Одделот за електротехника на Универзитетот во Тексас во Остин, со што станала првата жена професорка по електротехника во земјата. Кларк предавала 10 години и се пензионирала во 1957 година.

Во интервју за Дејли Тексан на 14 март 1948 година, Кларк забележала: „Нема побарувачка за жени инженери, како такви, како што има за жени докторки; но секогаш има побарувачка за секој кој може да направи добра работа.

Почести Кларк била првата жена инженер што постигнала професионална позиција во Тау Бета Пи. Во 1948 година, Кларк била првата жена соработник на Американскиот институт за електроинженери. Таа била првата жена прифатена како полноправна членка со право на глас во Американскиот институт за електроинженери. Во 1954 година, Кларк ја добила наградата за достигнувања на Здружението на жени инженери(SWE), доделена од Евелин Џетер, една од основачите на SWE и пронаоѓач на автомобилскиот транзистор за палење, „како признание за нејзините многубројни оригинални придонеси за теоријата на стабилност и анализата на кола“. Кларк била вклучена во Жените со достигнувања во историјата на Мериленд во 1998 година и исто така била вклучена во Американската национална биографија и Значајните американски жени од модерниот период.

Во 2015 година, Кларк била постхумно примена во Куќата на славните за национални пронаоѓачи.

Поврзано

Флоренс Виолет Мекензи

Дополнителна литература

Наводи

Надворешни врски

„Едит Кларк“, Биографии на жени математичари, колеџ Агнес Скот Апликација за патент за калкулатор Кларк

Категорија:Американски електроинженери Категорија:Починати во 1959 година Категорија:Родени во 1883 година Категорија:Пронаоѓачи