Црквиште или Црквиште-Гробишта — археолошко наоѓалиште во прилепското село Врпско. Претставува средновековна црква.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на селските гробишта.

Опис

На селските гробишта има остатоци од две постари еднокорабни цркви градени една врз друга. Постарата црква потекнува од XIV, а поновата од XVII век. Во 1968 година врз темелите на овие две цркви е подигната нова црква „Св. Архангел Михаил“.

Поврзано Кале — утврдена населба од доцноантичко време; Градиште — населба и црква од доцноантичко и старохристијанско време; Грамос — населба од непознат период; Врпско; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Врпско