Репортажа () — шпански филм на ужасите од 2007 г. Филмот е ист како и познатите американски примери од жанрот (на пример, Вештерката од Блер, Кловерфилд, Дневник на живите мртовци или Паранормална активност) за документарно снимање: „тресечка камера“ е во рацете на еден од ликовите и снима сè што се случува. Стилизираната верзија на изворниот наслов на филмот — [●REC] — се однесува на трепкачки знак на екранот на камерата што покажува дека снимањето е во тек.

Филмот бил премиерно прикажан на 29 август 2007 г. Заработил 30.448.914 долари ширум светот. Ознаките на филмот се: „Еден сведок. Една камера“ и „Пренос во живо од пеколот“.

Содржина Новинарката Анхела Видал и нејзиниот снимател Пабло одат во една од противпожарните станици во Барселона за да снимаат прилог за животот на пожарникарите. Во текот на ноќта добиваат повик од жители на една зграда што пријавуваат чудни звуци што доаѓаат од еден од становите. Кога ќе пристигнат на местото на настанот, таму веќе ги чека полицијата и загрижените жители. Ја отвораат вратата и во станот затекнуваат многу агресивна старица, која каснува еден полицаец по вратот, додека друг фрла по скалите и го убива. Зградата веднаш е опколена од војската и претворена во карантин.

Анхела и Пабло решаваат да снимаат сè за да имаат доказ за тоа што се случува. Двајцата ги испрашуваат станарите за да добијат информации за потеклото на вирусот или да најдат начин незабележано да излезат од карантинот...

Улоги ГлумецУлогаМануела ВеласкоАнхела ВидалПабло РосоПаблоФеран ТерасаМануДавид ВертАлексВисенте Хилпостариот полицаецХорхе-Јаман СераноСерхиоКарлос ВисентеГиљем МаримонМарта Карбонелг-ѓа Искердо

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Шпански филмови Категорија:Филмови на шпански јазик