Методија Соколоски ( - ) — македонски историчар и османист.
Животопис Роден е на 15 мај 1913 година во Прилеп, за време на Првата балканска војна. Основното образование и VI клас гимназија ги завршил во Скопје, а поради затворањето на вишите класови на Прилепската гимназија, VII и VIII со матура во Битола. Научил турски јазик како дете во родниот град. Студирал на Филозофскиот факултет при Белградскиот универзитет. Поради вклучување во редовите на студентските протести во Прилеп и Белград, уапсен е од југословенските власти, а за време на Втората светска војна од бугарските власти. Во 1943 г. бил отпуштен од државната служба.
Од 1949 до 1951 г. бил предавач на Институтот за општествени науки во Белград. По завршувањето на студиите бил назначен за директор на Институтот за национална историја и на покана од Филозофскиот факултет во Скопје организирал настава по турски јазик и османска палелологија. Во 1959 станал доцент; во 1963 година, вонреден професор; а во 1968 година, тој станал редовен професор на факултетот. Во 1949 - 1950 година и 1959 - 1960 година, тој бил директор на Институтот за национална историја. Во учебните години 1969/1970-1970/1971, тој бил декан на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Од 1951 година, истражувал во архивот на Претседателството на турската влада во Истанбул, тој специјализирал во Високата школа на источни јазици во Париз како стипендист на француската влада. Неколку пати престојувал и истражувал во Истанбул и Анкара каде микрофилмувал архивска документација за историјата на Македонија од периодот на осмалиската власт од XV и XVI век, поради што го објавил првиот том на „Турски документи за историјата на македонскиот народ од 1607-1629 година“, во издание на Државниот архив на Македонија во соработка со Ариф Старова, Ванчо Бошков и Фетах Исхак. Вториот том го објавил сам. Се пензионирал во 1978 година.
Починал на 24 октомври 1984 г. во Скопје.
Награди
Награда „13 Ноември“
Трудови Автор е на бројни научни трудови:
1963: Турски документи за историјата на македонскиот народ, том I 1966: Костур и Костурско во средината на XV век 1967: Дервенџиството во Охридскиот Санџак во втoрата половина од XVI век 1967: Спахии - тимариоти христијани во Прилепската нахија во средината на XV век 1969: Турски документи за историјата на македонскиот народ, том III 1971: Развојниот пат на некои градови во Македонија во XV и XVI век 1971: Турски документи за историјата на македонскиот народ, том IV 1973: За Јуруците и јуручката организација во Македонија од XV до XVIII век 1973: Преспанската нахија во текот на XVI век 1973: Турски документи за историјата на македонскиот народ, том II 1974: Штип и Штипско во текот на XVI век 1975: Жупа во XV и XVI век 1976: Нахијата Гора во XVI век 1978: Лерин и Леринско во XV и XVI век 1979: Малешево во XVI век 1980: Петричката нахија во XVI век 1981: Кичевската нахија во XV и XVI век 1983: Осврт на етничкиот состав на градското и селското население во Македонија во XV и XVI век
Наводи
Категорија:Македонски историчари Категорија:Југословенски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонски декани Категорија:Југословенски декани Категорија:Османисти Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Југословенски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија Категорија:Затвореници во Бугарија