Димитриј Димитриевски (роден на 11 јули 2002 година) ― македонски средишен фудбалер. Тој е брат близнак на фудбалерот Михаил Димитриевски.
Клупска кариера Во 2017 година, Димитриевски се приклучил во младинските категории на Њу Старс од Скопје.
Во почетокот на 2019 година, односно во втората половина на сезоната 2018/19, Димитриевски заиграл за сениорскиот состав на Њу Старс која во моментот играл во четвртата по ранг ОФЛ Скопје. За време на сезоната 2019/20, Поради ширењето на пандемијата на COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ги суспендира Општинските лиги и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата. Димитриевски и Њу Старс, како првопласирани при прекинот, биле извлечени да бидат унапредени во Третата лига. Во сезоната 2020/21, како и сите екипи, Димитриевски и Њу Старс не ја довршиле сезоната поради задолжителните тестови за КОВИД-19. Во август 2021 година, тој се преселил во Македонија Ѓорче Петров 1932 кој бил прволигаш. Таму не останал долго бидејќи на полусезоната се преселил во второлигашот Кит-Го Пехчево. Во летото 2022 година, се преселил во прволигашот Брегалница 2008. Следната сезона продолжил во штипскиот клуб.
Наводи
Надворешни врски
Димитриј Димитриевски на Transfermarkt.com Димитриј Димитриевски на Soccerway.com Димитриј Димитриевски на Worldfootball.net
Категорија:Фудбалери на ФК Њу Старс (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 Категорија:Фудбалери на ФК Пехчево Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери од Велес Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2002 година Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Третата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Општинските македонски фудбалски лиги Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Машки фудбалски средишници Категорија:Македонски фудбалски средишници