Зоран Андонов (роден на 9 јуни 2000 година) ― македонски фудбалски напаѓач.
Клупска кариера Во февруари 2016 година, односно за сезоната 2015/16, Андонов се приклучил во третолигашот Беласица. Сезоната 2016/17, Андонов со Беласица станал првак во Третата лига - Исток и се унапредиле во Втората лига - Исток. Во сезоната 2017/18, Андонов и Беласица станале прваци и обезбедиле директен пласман во Првата лига. Но Андонов во Беласица не продолжил да игра бидејќи во август 2018 година се преселил во второлигашот Кит-Го Пехчево. Таму останал во сезоните 2018/19, 2019/20, 2020/21, и 2021/22. Во последната сезона, Кит-Го отпаднал во Третата лига, и Андонов се преселил во второлигашот Детонит за сезоната 2022/23. Таму се останал долго бидејќи за во втората половина на сезоната, тој потпишал за прволигашот Брегалница 2008. Следната сезона продолжил во Брегалница 2008.
Почести Беласица Првак во Втората македонска фудбалска лига (1): 2017/18 Првак во Третата македонска фудбалска лига - Исток (1): 2016/17
Наводи
Надворешни врски
Зоран Андонов на Transfermarkt.com Зоран Андонов на Flashscore.com Зоран Андонов на УЕФА
Категорија:Фудбалери на ФК Беласица (Струмица) Категорија:Фудбалери на ФК Пехчево Категорија:Фудбалери на ФК Детонит Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери од Струмица Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Третата македонска фудбалска лига Категорија:Машки фудбалски напаѓачи Категорија:Македонски фудбалски напаѓачи